Се смрзнав кога почнаа да ги отвораат пликоата: Драгана била кума и ставила само 20 евра во пликото

admin22

Свадбата е најубавиот ден за младоженците кој останува врежан во нивното сеќавање до крајот на животот.

Секако на овој ден сите очи се вперени кон младоженецот и невестата кои уживаат во главната улога и ништо друго не е важно за нив во тој момент, освен нивната среќа.

Токму оваа приказна е доказ за тоа, дека навистина има луѓе кои ги ценат вистинските вредности во животот, а тоа е среќата, љубовта и искрените пријатели, и дека најмалку се важни подароците!

31 годишната Драгана, реши да ја сподели својата приказна.

Таа пред извесно време, беше поканета на многу важна венчавка: нејзината најдобра пријателка се мажеше, а притоа таа била и нејзина кума.

На свадбата не го зеле детето (3), туку се подготвиле и во пликот ставиле 20 евра.

“Бев свесна дека тоа се малку пари од повеќе причини: богата свадба, јас нејзината најдобра пријателка и бев кума. Сепак, навистина не можевме повеќе. Немавме од каде да позајмиме. Јас не работам, а мојот сопруг има само 250 евра плата, едвај преживуваме со нашиот мал син. Да го немавме станот што ни го дадоа неговите, немаше ниту каде да живееме. Така , ние буквално едвај сврзуваме крај со крај, започна Драгана.

Цел живот ја чекав свадбата на Милица, таа ми е како сестра што никогаш не сум ја имала. Моравме да отидеме, па дури и без ништо. Ги зедовме последните 20 евра од дома и ги ставивме во плик, а јас се чувствував како најлошата личност на светот.

Некако го надминав тоа лошо чувство како што траеше прославата. Најлош момент беше кога, откако ги собра пликовите со парите, таа реши да го земе микрофонот и да ги отвора еден по еден, за да прочита кој колку пари дал! Јас останав без зборови!

Првпат видов вакво нешто. На нејзиното лице видов дека не и е пријатно – нејзиниот сопруг сакаше тоа да биде така и таа мораше да ја почитува неговата одлука, бидејќи таков беше нивниот обичај.

Додека таа ги отвораше пликовите, јас умирав со секој нов. Во секој од нив имаше по 100, 200, па дури и 500 евра. Ме остави за крај како кума. Се чувствував доволно лошо сама со мојата совест, но како тоа да не беше доволно.

Кога ми го отвори пликот, јас и сопругот ќе потоневме од срам и се подготвувавме да побегнеме од таа венчавка, а мојата пријателка пред 500 гости рече на микрофонот дека добила 1000 евра од нејзината најдобра пријателка, нејзината кума!

Бев шокирана, сопругот и јас се погледнавме и ништо не ни беше јасно.

Секако, гостите беа вчудоневидени и сите со воодушевување гледаа во нас. Боже, какви се тие луѓе, си помислив, додека „илјадарката“ сè уште ми вриеше во ушите. Не се сеќавам дека сум видела толку пари во мојот живот.

После неколку минути, таа ми пријде и го врати нашиот плик залепен и ми рече дека знае дека не сум во најдобра ситуација и дека сака да ми ги врати парите, затоа што моето искрено пријателство и е повредно од сите пари на светот и дека на микрофонот намерно прочитала дека сум дала толку многу пари само заради злобните и расипани луѓе кои чекаа да бидат помалку.

За неа, како што рече, најважно е дека јас отсекогаш сум била тука за неа, и ниедни пари на овој свет не можат да го променат тоа.

Плачев од среќа… но кога се вратив дома сфатив дека таа сепак го отворила пликот, бидејќи покрај моите 20 евра имаше и други 500 евра.

И благодарам на мојата драга пријателка, горда сум и среќна затоа ја имам во мојот живот!

И, заборавате на валканите пари и учите да ги цените вистинските работи и вредности во животот! “

Loading...
Next Post

Новомаалци на готовс: Ако се суспендира планот ќе тужат и ќе блокираат улици

Жителите на Ново Маало ќе бараат правен тим кој ќе ги брани нивните ставови, а откако вчера ја поднесоа петицијата до Владата и до Општина Центар со која побараа во ниту еден случај да не се направи суспензија на планот, акт кој, како што велат, би ја спречил изградбата на […]