Сеад Кочан изгубил меморија-не знае дека донирал за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

admin3
loading...

На денешното рочиште за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ беа сослушани сведоци за тоа дали и како донирале средатва и услуги за политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

На предлог на обвинителството денеска како прв сведок беше сослушан Сеад Кочан, кој во 2011 година бил управител на „Трансмет”, кој рече дека не се сеќава, но мисли дека никогаш нема донирано лично средства за ниту една партија, па ниту за ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан дали фирмата „Трансмет” на која тој бил управител била донатор на ВМРО-ДПМНЕ, Кочан рече дека фирмата никогаш не донирала средства на таа политичка партија.

Втор беше сослушан сведокот Здравко Кочишки, сопственик на фирма за изнајмување на аудио и визуелна опрема за настани, кој рече дека за изнајмување на ваква опрема во 2011 година не и фактурирале на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, но по проверка со обвинителство било утврдено дека неговата фирма фактурирала за услуги на компанијата „Трансмет”.

– Ние работиме со сите политички партии. Сме изнајмувале за помали настани и митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и за поголем дел од кампањата на СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ ние не сме имале договори за големи митинзи. Нашата фирма годишно прави 150 до 170 тури и навистина не можам да се сетам за 2011 година, рече сведокот.

Прашан како им било платено за изнајмената опрема на ВМРО-ДПМНЕ, сведокот рече дека не може да се сети за нешто пред девет години.

– Според анализите направени во фирма, немаме дадено фактура на ВМРО-ДПМНЕ, изјави сведокот Кочишки.

Прашан на кого ги фактурирале овие настани, сведокот рече дека тој лично не фактурирал, туку како управител само кажувал каде да фактурираат и дека најверојатно се јавил и ги пренел дадените инструкции.

– Во консултација со вашите луѓе кога дојдоа кај нас во фирма и при проверка дали сме фактурирале на фирма „Трансмет“, испадна дека сме фактурирале, изјави сведокот Кочишки.

На прашање од одбраната како фактурирале за изнајмената опрема на СДСМ директно или преку трети фирми, сведокот рече дека не се сеќава.

На денешното рочиште требаше да биде сослушан и сведокот Логин Кочишки, но не беше обезбедено негово присуство.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Loading...
Next Post

Скандалозни лекции по социологија: учениците учат дека жените треба да бидат затворени дома

Активистката Ана Глигорова, неодамна на социјалните мрежи посочи на два примери од учебник по социологија за втора гдина, во кој децата се учат дека жените треба да седат дома за да не дојдат во ситуација да прават криминал. Ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа […]