„Сестра ми дојде кај мене во Германијa, ja шетав секаде, ја частев за на крајот страшно да ме повреди“

admin22
loading...

Македонската нација старее… речиси и да нема авион, автобус или воз во кој нема некој млад човек што ги спакувал куферите и тргнал по потрага за подобар живот во некоја држава во Европа или на друг континент.

Иселеништвото како болна тема е актуелна во сите земји од регионот, а во тој процес не остана имуна ниту Македонија. Куферите за заминување ги пакуваат лица од различни возрасти и професии, но најмногу оние од 19 до 29 години.

Младите сè повеќе го целат кон Западот со надеж дека ќе најдат подобар живот.

Трендот последниве години е патот кон Германија. Многу млади заминаа, но многу повеќе се пријавуваат секој месец да закажат термин во германската амбасада во Скопје.

Последниве години речиси и да нема семејство каде што некој од младите не е заминат на работа во странство во земји како: Малта, Германија, Норвешка, Шведска, Холандија, САД, Австралија…

Реално иселувањето во земјава ќе донесе долгорочни негативни последици, како губење на човечки потенцијал и сила, кои треба да бидат движечки за државата и економијата во следниот период.

ИСПОВЕД НА ДЕНОТ: „Сестра ми страшно ме повреди, дојде кај мене во Германија…“

„Сестра ми страшно ме повреди. Таа дојде кај мене две недели во Германија, ја угостив, ја шетав секаде и ја частев.

Дури јас го користев годишниот одмор за да бидам со неа, ја носев секој ден во град, пазари, ресторани… ѝ купив работи во вредност од 600 евра.

Но, јас бев среќна затоа што видов дека таа е среќна.

И тогаш облечена во провокативна облека, мини, хеланки, тесни, забележав дека се фрла на мојот сопруг кога јас не бев таму, кога ме забележа веднаш се оддалечи од него, некако испаднав толерантна, јас издржа до заминување.

Пред да тргне автобусот, го извадив паричникот за да и дадам 500 евра, кои ги подготвив да ги поделам на моето и на семејството на мојот сопруг, кога нема пари.

Ме фати паника, барајќи ја чантата, кога таа вели: Јас ги зедов, извини, ми требаа, мислев дека нема ни да забележиш.

Една 26-годишна жена мислеше дека некој нема да забележи дека недостасуваат 500 евра… Станувам во 5:30 за тие пари, работам чесно… но некои сепак мислат дека овде од небо паѓаат евра“.

Loading...
Next Post

Дојде да го види бебето на својата најдобра другарка: Штом го виде, прекина контакт со неа поради ОВАА работа

Дошла да го види бебето на својата најдобра другарка: Штом ја видела, прекинала контакт со неа поради ОВАА работа Знаеше дека открила нешто што не може да го преболи Хејли Кастер (28) од Аризона го доживеала најголемото понижување во животот кога по два месеци дошла да го види бебето на […]