Шолц: Владимир Путин не го очекуваше ова, пa сега го боли глава

admin22
loading...

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе ги пречека лидерите на групата најразвиени светски демократии на почетокот на тридневниот самит на Баварските Алпи, во сенка на војната во Украина и нејзините последици како што се поскапувањето на енергенсите и храната.

Самитот се одржува во Елмау, со многу помрачен тон отколку кога лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД се состанаа за првпат од почетокот на пандемијата со ковид-19 минатата година.

Глобалниот пораст на цените на енергијата и храната, една од последиците на војната во Украина, негативно влијае на економскиот раст.

Се очекува лидерите на Г7 да покажат единство во поддршката на Украина и да продолжат да вршат притисок врз Кремљ онолку долго колку што е потребно, иако ќе избегнат санкции кои би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го отежнат животот на нивните граѓани.

– Главната порака треба да биде да се држиме заедно дури и во тешки времиња – најави претставникот на ЕУ.

На самитот се очекува лидерите на Г7 да договорат забрана за увоз на злато од Русија. Тие, исто така, ќе разговараат за мерките за спречување на порастот на цените и за замена за руската нафта и гас.

– Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска од самитот на Групата седум најбогати демократии (Г7) изјави дека нема да има враќање на времето од пред нападот на Русија врз Украина, што доведе до долгорочни промени во меѓународните односи.

-Кога ситуацијата ќе се промени, мора да се смениме и ние, рече Шолц во изјава за една германска телевизија на крајот од вториот ден од самитот на Г7 што се одржува на Баварските Алпи, пренесуваат британските медиуми.

Шолц, кој е домаќин на самитот, рече дека лидерите на Г7 денеска имале конструктивни разговори со претставници на земјите во посета – Индија, Индонезија, Сенегал, Јужна Африка и Аргентина – кои ги нарече „демократии на иднината“.

-Добро е, важно и неопходно е да разговараме еден со друг. Со слушање се воспоставува меѓусебно разбирање и на тој начин ја олеснува нашата работа, рече тој.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека нападите на руската армија врз станбените згради во Киев ја покажуваат неопходноста од меѓународно единство за поддршка на Украина.

Руската армија утринава го гранатираше Киев и погоди најмалку две станбени згради.

Тој го истакна претходното единство на Г7, Европската Унија и НАТО во организирањето поддршка за Украина.

„ Можеме со сигурност да кажеме дека Путин не сметаше на ова и дека сè уште го боли глава поради големата меѓународна поддршка за Украина, но секако и храброста на Украинците во одбраната на земјата“, изјави денеска Шолц, по првата сесија на самитот на Г7.

Нападите врз цивилни објекти, додаде тој, покажуваат дека поддршката на Украинците е правилна одлука.

Германската влада претходно беше критикувана поради неподготвеноста да испрати оружје во Украина. Сепак, Шолц рече дека „Германија и САД секогаш ќе дејствуваат заедно кога станува збор за безбедноста на Украина“.

Тој додаде дека заедно со американскиот претседател Џозеф Бајден биле едногласни за тоа што треба да се направи.

Loading...
Next Post

Јелена Карлеуша по финалето на Ѕвездите на Гранд ја понижи Цеца - Никој не очекуваше ваков одговор од Ражнатовиќ! ФОТО

Во финалето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ за победата се бореа 16 натпреварувачи. Секој од нив се обиде да го даде својот максимум за да ги добие гласовите на публиката која вчера го избираше својот фаворит со смс гласови. По десет месеци борба, работа и напори на менторите да […]