СИТЕ ГО ВИКАВМЕ АКИ, А малкумина го знаат неговото име: Ова е вистинското име на фронтменот на Парни Ваљак!

admin22
loading...

Аки Рахимовски, долгогодишниот пејач на „Парни ваљак“, почина денеска на 66 години, објави групата на својата страница на Фејсбук.

„На Рахимовски утрово му се слоши, по што почина во болницата во Ново Место“, изјави неговиот менаџер Дамир Осредечки.

Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје, каде што неговото семејство се преселило кога бил мал. Тука почнал да го стекнува своето музичко образование, учејќи клавир и пеење.

По доаѓањето во Загреб бил член на неколку групи, пред да го запознае гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ, со кого во 1975 година ја основал групата „Парни ваљак“, која низ годините ќе стане една од најпопуларните во поранешна Југославија, а Рахимовски еден од најдобрите фронтмени.

Рахимовски сними 17 студиски албуми со „Парни ваљак“.

Колегите преку социјалните мрежи се простуваат од Аки.

Ненад Милосављевиќ, Неша Галија вели дека не напуштил голем уметник, човек и пријател како што беше Аки.

-Многу ми е жал. Уште една лоша вест. Тој е човек кој се покажа со своите дела. Ние имаме привилегија луѓето да не проценуваат на основа на нашите дела. Што и да кажам малку е. Заминаа многу добри луѓе и тоа не е добро. Нека му е вечна слава.

Никола Роквиќ од Рахимовски се прости на Инстаграм.

-Патувај маестро, колку учев од тебе. Голем пејач со прекрасна боја и интонација. Ти благодарам, напиша Никола.

Жељко Самарџиќ исто така се прости преку социјалните мрежи.

-Почивај во мир генерацијо, нека ти е вечна слава, напиша тој.

Кога ќе кажеш „Аки Рахимовски“, сите би знаеле на кого мислите. Но, дали знаете како беше неговото вистинско име?

Аки Рахимовски со децении е еден од најомилените вокали на рок сцената на поранешна Југославија. Јавноста го запознала како млад човек, а се прославил како член на неколку бендови пред да го основа „Парни Ваљак“.

Аки Рахимовски беше симбол на Парни Ваљак, а многумина знаеја како е неговото вистинско име. Пејачот кој денеска ненадејно не напушти на 67 години се викаше Александар.

Loading...
Next Post

Аки вчера се слушнал со синот Кристијан, како да пречувствувал нешто и му ги кажал овие зборови

Аки Рахимовски, фронтменот на „Парни Ваљак“ кој почина денеска на 66-годишна возраст, беше вистински рокер, а така и живееше. Легендарниот музичар во седмата деценија од животот по трет пат стана татко. Ќерката Антонија ја доби со 27 години помладата девојка Барбара Весел, по професија здравствен работник. Од претходните бракови ги […]