Скандалозни лекции по социологија: учениците учат дека жените треба да бидат затворени дома

admin3
loading...

Активистката Ана Глигорова, неодамна на социјалните мрежи посочи на два примери од учебник по социологија за втора гдина, во кој децата се учат дека жените треба да седат дома за да не дојдат во ситуација да прават криминал.

Ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа ќе нема можност да направи кривично дело.

Понатаму, Глигорова среќава уште еден светол пример од македонското образование.

Според авторите на истиот учебник, прељубата е кривично дело на ист ранг со уцени, кражби, кривоклетство и недозволен абортус.

Лавина од реакции на социјалните мрежи предизвика објава со цитати од учебник по социологија за втора година средно образование, во кој, меѓу другото, се посочува дека жената која е поактивна во општествениот живот има поголеми шанси да стори криминал.

Од друга страна, стои дека, ако жената е затворена во домот нема можност да биде сторител на кривично дело.

Како што се наведува на социјалните мрежи, автори на овој учебник, кој е во употреба во последните 17 години, се универзитетските професори Нелко Стојаноски, Милева Ѓуроска и Зоран Матевски.

Во учебникот, исто така, стои дека прељубата е кривично дело. Односно дека жените во помал обем се сторители на „следните кривилни дела:прељуба, недозволен абортус, уцени, кражби, кривоклетство.

„Секоја чест на авторите за ставовите позајмени од времето на племенските заедници;„Правеле копи пејст од времето на вештерките“;

„Два дена дома седам, одам утре да опљачкам нешто“… се дел од коментарите на Фејсбук, по објавувањето на дел од спорните содржини во учебникот по социологија.

Loading...
Next Post

Ременски не видела докази против неа за „Меѓународен сојуз“ на Боки13

Пратеничката Фросина Ременски денеска по излегувањето од Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за случајот со „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски, рече дека видела сè, освен докази. -Јас го остварувам моето право согласно законот. Не би коментирала за доказите бидејќи тоа е […]