Стевчо Јакимовски ги збуни и власта и опозицијата – Побара да ставиме вето за влез на Шведска и Финска во НАТО! EВЕ ЗОШТО

admin22
loading...

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за државната телевизија ТРТ истакна дека и понатаму е против членство на Финска и на Шведска во НАТО.

– Им кажавме на лидерите на НАТО дека ќе кажеме не на апликациите на Финска и на Шведска. И тоа продолжува да биде наш став, посочи Ердоган.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во Алијансата, но Турција вчера го блокираше почетокот на пристапните преговори со двете скандинавски земји во Советот на НАТО, поради нивната поддршка на забранетата Курдистанска работничка партија и курдската милиција Единици за народна одбрана во Сирија.

Вашингтон изрази уверување дека двете држави ќе бидат примени во Северноатлантската алијанса, а во текот на денот американскиот претседател Џо Бајден ќе оствари средба со шведскиот премиер и финскиот претседател.

Убеден сум дека Шведска и Финска ќе успеат да влезат во НАТО и Германија прави се што е можно тоа да се случи, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц при посетата на Холандија.

-Сите сакаат Шведска и Финска брзо да станат членки, па убеден сум дека ќе успееме да донесеме заедничка одлука, рече Шолц на прес-конференција со неговиот холандски колега Марк Руте, пренесуваат британските медиуми.

Канцеларот повтори дека Германија ги поздравува кандидатурите на нордиските земји и додаде дека има впечаток дека многу други земји го делат неговото мислење, наведуваат британските медиуми.

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, во вчерашната епизода на Тешки муабети истакна дека Македонија би требала да стави вето за влез на Финска и Шведска во НАТО доколку не добие безусловен почеток на преговори за влез во ЕУ.

– Јас би играл обратно, наместо како Владата да поддржам членство на Шведска и Финска во НАТО, би ставил вето. Додека не добиеме датум за преговори нема влез на Финска и Шведска.

Ама за ова треба и власт и опозиција сите да се договорат и да кажат додека не добиеме безусловни преговори со ЕУ нема членство на Финска и Шведска во НАТО.

Ние така на сите им помагаме, а ништо не добиваме за возврат, Косово го признавме, дозволивме прелет на НАТО авиони за да се бомбардира Србија и не поставивме никаков услов.

А за ова треба Ковачевски да повика, да се согласат и власт и опозиција да стават вето во НАТО, истакна Јакимовски.

Loading...
Next Post

СИТЕ СВАТОВИ ГЛЕДАА ВО ДЕКОЛЕТО НА ЦЕЦА: Пејачката во прв план го покажа својот НАЈСИЛЕН АТРИБУТ! (ФОТО)

Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ денеска слават затоа што синот на Сузана Данијел се жени со својата долгогодишна девојка Тијана. Семејството Поповиќ дотерани тргнаа на прославата од својата куќа на Бежанијска коса, каде беа спремно пречекани од новинарите. Фотографиите покажаа дека сите во семејството внимателно се подготвуваат за овој момент. […]