Стојам пред каса во маркет, влегува човек кој се лепи до мене и ми вели: Знаеш ли ти кој сум јас

admin

Новинарката Вики Ристоска пред извесно врене напиша статус на својот личен профил, кој вреди да се препрочита. Најмногу, поради тоа што секој од нас ќе се пронајде во овие зборови.

Не себе, туку секој од нас доживеал ваква случка, на препотентни и безобзирни, полни со себе индивидуи, кои се спремни на сè, само да ја остварат својата цел:

„ЗНАЕШ КОЈ СУМ ЈАС?!? Типичниот синдром во кој се внесени елементите на божество, излегува на површина, во мигови кога треба да се покаже силна одговорност, човечност и единственост.

Стојам пред каса во мала продавничка. Додека ја чекам сметката, влегува човек, кој буквално се лепи до мене, со маската под уста. Значи ни уста, ни покриен нос.

Чекам некој миг, па забележувајќи дека „господинов“ нема намера бар да отстапи, ако не друго, се вртам и го замолувам да се оддалечи малку или да ја стави маската правилно.

Наместо почитување на една од мерките, иако по правило во ек на пандемија се препорачуваат обете, тој почнува да се расправа, насилно и простачки, демек тој бил здрав, нема да заразел никој.

Тој знаел се’. Ах… Каква драма. Целата негова непристојна канонада завршува со омилената кај простаци „ЗНАЕШ ЛИ ТИ КОЈ СУМ ЈАС?!?“

Јас не знам кој е тој, ниту пак тој треба да знае која сум јас. Она што знам е дека секој од нас треба да покаже силна одговорност.

За жал од ваквите „Знаеш кој сум јас“, ние не можеме да пркнеме со години, па секое дно не води кон ново дно.

Сите сме исти. Луѓе. Разликите меѓу нас не нè прават поголеми или попривилегирани. Напротив, одговорноста и човечноста во секој од нас, во клучни мигови не прави луѓе.

Особено сега, кога болниците се болни, сите уморни, здравствениот систем пред колапс, економијата на колена.

И ти, господине „знаеш кој сум јас“ си еднаков како секој од нас кој не може да прави отстапки кога ситуацијата ескалира.

НЕ БИДИ „ЗНАЕШ КОЈ СУМ ЈАС“. БИДИ ОДГОВОРЕН, СПАСИ ЖИВОТ, ЧУВАЈ ГО СВОЕТО И ЗДРАВЈЕТО НА ДРУГИТЕ. МАСКА, ДИСТАНЦА, ЧЕСТА ДЕЗИНФЕКЦИЈА. Од нас зависи.“

Loading...
Next Post

Една грешка многу скапо ме чинеше - За него животот продолжи, но мојот заврши кога Дамјан ја затвори вратата

Јас сум Елена. Имам 35 години. Го имав најсовршениот маж до мене, Дамјан кој е олицетворение на љубов, топлина, разбирање, почит и среќа и кого поради една глупост го изгубив, а тој си замина засекогаш. Со Дамјан бевме излезени во град во еден познат Скопски локал. Тој не сакаше многу […]