За искреното пријателство на хероината од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати.




Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика.




Минатата година двете дами го остварија долго најавуваниот дует „Од Бекирлија до Битола“, а притоа беше промовиран и видео спот за оваа композиција, а потоа следеше и нивниот прв заеднички албум „Пола тебе – пола мене“.




Како што раскажа Атиџе во една прилика, екипата од „Медена земја“ ја пронашла во селото Бекирлија, во кое има само неколку жители. Атиџе тогаш живеела со нејзината мајка и уште едно семејство, кои биле нивни соседи.




„Филмот Медена земја ми го промени животот. Благодарност на филмот и луѓето кои ме најдоа. Се сеќавам првпат кога ме најдота, беа тројца, едно женско и две машки. За среќа брат ми бил дома кога дошле“.




На Атиџе во меѓувреме и беше купена куќа во слеото Дорфулија каде со помош на хумани луѓе истата беше средена и таа се пресели и живее таму.




Атиџе сега по 55 години за првпат живее во едни понормални услови, а тоа значи дека има струја и со тоа треба да плаќа сметки, но и други давачки.




Сузана и Атиџе, уживаат во секој слободен момент да поминат квалитетно време заедно. Патуваат заедно, уживаат во заедничкото друштво и долгите муабети.




Сузана Турунџиева, нејзината пријателка вели дека Атиџе сега е добра, но поминала многу тежок период, најмногу поради тоа што не можела да им се посвети на пчелите.




– Не е нешто со што треба да се фалам, и немаше ни да споделам ништо, ама многу ми беше криво бидејќи жената непотребно изгуби 2 месеци“, вели Турунџиева која ја раскажа целата приказна.




– Пред 2 месеци од лошо нагазување во Бекирлија, ѝ се случи сериозна повреда со скинати лигаменти, голем оток, ѝ се измести чашката на коленото и имаше неподносливи болки и дење и ноќе. Ја однеле првично во Велес на доктор, виделе дека се скинати лигаменти ама ништо не ѝ препишале освен некој гел против болка.




Нејзе од ден на ден ѝ се влошуваше состојбата и се повеќе и отекуваше, а болките беа неиздржливи, а таа не можеше сама да оди ниту до тоалет, а камо ли до продавница.
Најголем немир и тага и предизвикуваше фактот што не може да оди кај пчелите, и тоа токму во период кога се’ насекаде беше расцветано, а сите знаеме нели дека ако пчелите не ги опрашат цвеќињата и дрвцата додека се во полн цвет, лошо ни се пишува нам на луѓето“, раскажа Турунџиева.
Остатокот од текстот прочитајте го на Женски магазин.мк