Св. Никола: Сè што фатил – позлатил, сè што рекол – се случило

admin22
loading...

Утре, 19ти декември е празникот Св.Никола – празник посветен на овој чудотворен светец. Многу семејства го сметаат за свој заштитник и на овој ден во кругот на семејството и пријателите ја прославуваат куќната слава во чест на неговото име.

Кој бил Св.Никола?

Никола бил син единец на моќни и богати родители Теофана и Ноне, чие име во превод значи народен победник. Веднаш по раѓањето можело да се забележи дека тој ќе биде иден чудотворец бидејќи за време на неговото крштевање, тој можел да стои на нозе без ничија помош.

Loading...

Под влијание на својот чичко, кој бил епископ во Патара, тој се посветил на свештеничкиот живот и набрзо се прочуло за неговата неуморна работа, милосрдност и непоколеблива вера во Исус Христос.

После смртта на своите родители, го разделил сиот свој имот на сиромавите, не оставајќи ништо за себе.

За неговите милосрдни дела се напишани многу приказни, а меѓу нив и приказната за трите ќерки, која раскажува за…

„Еден сиромашен царски службеник сакал да ги омажи своите три ќерки, но немал злато за да дарува. Затоа, ги испратил во јавна куќа, да го заработат сопственото злато. Св.Никола веднаш штом дознал за тоа, низ нивниот прозорец им фрлил вреќичка со златници, за трите сестри да се омажат како што им прилега – со достоинство.“

– Затоа, Никола е прикажан на иконите како стар бискуп со закривен бастун, бискупска капа и три златни топки на книгата чија симболика е легендата со трите ќерки во јавната куќа и вреќичите злато.

Оваа легенда е исто така поврзана со дарувањето. Св. Никола е всушност тој кој пред Нова Година доаѓал и им подарувал на децата (ако биле добри) по нешто слатко од вреќата. Традиционални дарови се јаболка, лешници и бадеми.

Оттука можеме да се надоврземе и со една од најинтересните приказни за овој светец, необичната легенда дека Св.Никола е всушност Дедо Мраз – веселиот дедо со бела брада, облечен во црвено кој на сите нам ни е познат.

Со оглед на тоа дека поимот за Дедо Мраз потекнува од Америка под називот Санта Клаус, не е толку чудно и сличноста е очигледна, но како овој светец станал поим за Дедо Мраз – човекот кој ги дарува сите послушни деца на Божиќната/новогодишната ноќ низ целиот свет?

Се верува дека Свети Никола ”станал” Дедо Мраз, поради податокот дека во народните верувања, песни, старите икони и фрески, тој бил прикажуван како старец со долга бела коса и брада. Но, сепак, не се знае точно како навистина настана приказната за Дедо Мраз и како е таа поврзната со христијанскиот светец.

Св.Никола се смета за заштитник на деца, образовани луѓе, трговци, морнари и општо патници.

„Според една легенда во една гостилница дошле гладни ученици, но наместо да ги нагости, газдата ги убил и сакал да ги насоли. Се појавил Св. Никола кој ги оживеал и соодветно го казнил сторителот.“

„Според друга легенда еден брод западнал во бура на море. Морнарите се молеле на Никола за помош и тој го смирил, па затоа тој се смета и за заштитник на морнарите и патниците.“

Христијанскиот светец починал во петок на 19ти декември 343 година и е погребан во соборната црква во Мира.

Loading...
Next Post

Зорица си ја отвори душата: „Проститутка сум, морам да работам, затоа со маж ми плачеме ноќе“

Касиерка од Белград вели дека нејизната плата не е доволна за ништо, сопругот не може да најде работа, а нејзиното синче ќе тргне на училиште, па затоа морала да најде дополнителна работа. 32-годишната Зорица М. вели дека немала друг начин да преживее освен тој да се занимава со најстариот занает […]