Свадба по сите обичаи: Се омажи Марија Груевска, ЕДНА работа ги шокираше гостите (ФОТО)

admin22
loading...

Се омажи пејачката Марија Груевска…

Младата пејачка Марија Груевска се омажи за своето момче Синиша Стојаноски во еден манастир во близина на Битола.

Покрај роднините и пријателите на свадбената церемонија присуствуваа и многу пејачи и колеги на Марија од „Ѕвездите на Гранд“.

Loading...

Вчера започна свадбата на Марија Груевска и Синиша Стојаноски, која сме сигурни дека уште долго ќе се прераскажува. Како што веќе најави и самата пејачка, нејзината свадба ќе трае 3 дена, а доколку гостите сакаат и повеќе, истата ќе продолжи.

Свадбата на една од најекстравагантните натпреварувачки кои се појавија на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, пред околу 600 гости му го кажа судбоносното „да“ на долгогодишното момче Синиша Стојаноски.

Невестинскиот фустан на Марија беа инспиран од „Малата сирена“, со тоа што, корсетот на фустанот беше изработен со школки, како и чантата која ја носеше со себе.

Свадбата ја направија по сите традиционални македонски обичаи, па така го имаше традиционалното бричење на зетот, одење по невеста, склучување на граѓински и црковен брак, како и забава која ќе трае цели 3 дена.

Покрај главниот бенд кој беше задолжен за веселбата, за микрофонот се фати и Александар Јосифовски, а нејзиниот сограѓанин Виктор Апостоловски на младенците им го отпеа несудениот евровизиски хит „Супермен“.

Она што особено ги фасцинираше гостите беше огромната торта на седум ката.

Неколку недели пред свадбената веселба Марија за „Гранд онлајн“ откри дека со Синиша очекуваат околу 600 гости, па на шега прокоментира дека прославата ќе трае три дена.

Како што веќе откри Марија за српските медиуми, граѓанскиот брак и црковниот, како и прославата ги направија на отворено, кај еден манастир во бизина на Битола.

Помеѓу оние 600 гости кои ги очекуваа, имаше многу пејачи, помеѓу кои беа Виктор Апостоловски, но и нејзините колеги од „Ѕвездите на Гранд“, меѓу кои и македонските натпреварувачи – Александар Јосифовски и Марио Арангеловски.

По она што можевме да го видиме на социјалните мрежи, сите се имаа фатено за микрофонот, а првиот ден од големата прослава, помина во најдобар ред.

Loading...
Next Post

Оваа година ќе биде НАЈТЕШКА за овие четири знаци oд Зодијакот!

Некои астролози веруваат дека влијанието на затемнувањето на Месечината веќе може да се почувствува, иако тоа се случува само во ноември. Она што го издвојува ова затемнување на Месечината од сите претходни е тоа што е најдолгото затемнување во историјата и поради тоа, остатокот од 2022 година ќе биде особено […]