,,Свадбарите” од Нерези позитивни на Ковид 19, не ги кажуваат контактите!

admin22
loading...

На тешки маки се инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, зашто од свадбата која на 31 мај се одржа во скопската населба Нерези, со невеста вработена во Лекарска Комора – има 14 позитивни лица со коронавирус и ниеден од нив не сака да каже со кого бил во контакт.

Како што за ,,Слободен печат” потврдуваат доброупатени извори од Инспекторатот, ситуацијата особено ја комплицира тоа што таткото на невестата, работи во Психијатриската болница Скопје во Бардовци, во дијагностика и тоа со работен стаж од 36 години како етаблирано медицинско лице со огромно искуство во својата област. Компликацијата е во тоа што ова медицинско лице, инаку татко на невестата, воопшто не било посочено како контакт во епидемиолошката анкета на ниеден од гостите на церемонијата, по што тој продолжил да оди на работа во Психијатриската болница.

ДСЗИ има податоци само за 14 позитивни, добиени од Центар за јавно здравје Скопје. Податоци за контакти, ниту еден од овие 14 не даваат – изјави за ,,Слободен печат” директорката, доктор Ирина Сотирова Бухова.

Како што објави на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, на оваа свадба имало 100 присутни гости, а се одржала на 31 мај. Во тој период свекорот веќе бил со симптоми, сестрата на младоженецот исто така, а подоцна позитивни се покажале и невестата и младоженецот. Поради тоа што невестата работела во Лекарска Комора, морало да се тестираат сите во Лекарска комора, но не биле со висок ризик и комората непречено функционира. Меѓутоа, проблемот е во тоа што има 14 позитивни од семејниот настан, а со кого контактирале не кажуваат.

Повеќе можете да прочитате тука 

Loading...
Next Post

Мицкоски: Избори на 8 јули не доаѓа во предвид

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека неговата партија нема да учествува на изборите, доколку тие се одржат на 5 или 8 јули. Тој бара избори во средината на јули или тогаш кога ќе дојде мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, од каде, како што тврди Мицкоски кажале дека можат да пратат оценувачка […]