Сведоштво од преживеан: Автобусот удри првин со десната страна во банкината, па потоа…

admin22
loading...

Седуммината преживеани на страшната автобуска несреќа во Бугарија се во стабилна, но многу тешка психичка состојба, соопшти бугарскиот Јавен обвинител откако ги посетил пациентите кои во моментот се хоспитализирани во софиската Клиничка болница.

Сѐ уште се работи на терен за утврдување на причините, но во тек е и распрашувањето на преживеаните.

-Повредените се во многу тешка психичка состојба. Единствено што кажуваат е дека сѐ се случило за неколку секунди. Не можам да кажам дали имало експлозија.

Сѐ се случило за неколку секунди. На местото на несреќата се испрашани сведоците и очевидците на инцидентот, изјави претставничката на бугарското Јавно обвинителство.

Сител објави дека македонскиот амбасадор во Софија единствено разговарал со српскиот државјанин кој го скршил стаклото и им помогнал на останатите шестмина за да се спасат.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу изјави дека бројот на жртвите од сообраќајната трагедија во Бугарија од оваа општина официјално е 16, но дека, според него, има повеќе жртви кои живееле во Чаир, но имаат адреси во други општини.

– Бев во контакт со роднините кои беа погодени од оваа трагедија. Тука сум да покажам дека Општина Чаир е отворена во секое време и за секаква помош, рече Ганиу за ТВ21.

Тој потенцира дека за утре во 10:00 часот општината закажала седница во врска со трагичната несреќа во Бугарија, на која ќе се дискутира за правните начини за да се помогнат на настраданите семејства.

Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која се враќа од Бугарија, вели дека од целата несреќа и тага денеска најтешкиот момент го доживеала во болницата, каде што се сместени единствените седум преживеаните патници од вкупно 52 во автобусот што изгоре изутрина во Бугарија.

Таа во посета на преживеаните била со Државниот обвинител Љубомир Јовески.

– Преживеаните ги затекнавме свесни, но во шок. Се претставивме дека сме од Македонија, пробавме да поразговаравме.

Едниот преживеан кажа дека автобусот удрил првин со десната страна во банкината, па потоа во левата. Потоа во секунда избил пожар. Токму тој го скршил стаклото и така се спасиле 7 души, кажува Русковска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Човекот што го скршил стаклото се спасил, но член од семејството со кого биле во Истанбул, не успеал да излезе.

Loading...
Next Post

Потресно сведоштво на Лулзим Сулејмани за Клан тв: Беше како во хорор филмови

Беса Транс“, чијшто автобус ноќеска имаше сообраќајна несреќа во Бугарија во која заг инаа 46 лица, преку објава на нивниот фејсбук-профил, изрази сочувство за изгубените животи. За секакви информаци во врска со случајот на располагање стои телефонскиот број 075273732. „Денеска е многу тажен и тежок ден за нас како компанија, […]