Талат од Преспав ја покажа најважната жена во својот живот!

admin22
loading...

Дритон Вејсели или познат како рецепционерот Талат од „Преспав“ ја освои публиката со оваа улога во македонската серија.

Сите го знаеме како шарматниот Талат од село Џепчиште кој работи на рецепција во пансионот „Преспав“. Актерот Дритон Вејсели од популарната серија, е спротивност на ликот кој го глуми.

Тој не живее во тетовско, туку во Скопје, но потеклото му е тетовско. Во тинејџерските денови, сакал да биде ликовен уметник, па завршил средно уметничко училиште.

Угостителството е нешто што му е заедничко со Талат. Тој и неговото семејство се сопственици на познатата скопска слаткарница „Малага“.

„Понекогаш кога одам по улица и луѓето ме поздравуваат, заборавам од каде ме знаат. Некои и не ме препознаваат, затоа што кога ги немам оние карактеристични мустаќи на Талат изгледам сосема поинаку“, ни изјави актерот во претходно интервју.

„Талат е навидум наивен и помалку несмасен и бавен, но не е таков. Тој е еден бескрајно весел лик, дете во душата и прилично е снаодлив. Моите сличности со него се токму тука, и јас понекогаш за себе си велам дека сум уште дете во душата“, додаде актерот.

Талат со својот хумористичен, интересен, забавен лик ги освои срцата на публиката, па стана еден од омилените актерти на публиката, а неговите смешни сцени ќе ве насмеат до солзи.

Дритон има профил на социјалните мрежи, но не е толку активен и многу ретко објавува фотографии од својот приватен живот, своите активности.

Меѓутоа, овој пат актерот направи исклучок и во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија со неговата мајка, а повод беше нејзиниот роденден.

„Среќен роденден мамо“, напиша тој покрај фотографија на која е со неговата мајка во ресторан.

Инаку, родителите на Талат се сопственици на една позната слатакарница во Скопје, а како што истакна тој во една прилика рецептот за сладолед е нивна мала семејна тајна.

Вејсели има и двајца браќа, а најмалиот од нив се занимава со музика.

Заврши и четвртата сезона на „Преспав“, а гледачите во нетрпение очекуваат и петта сезона за која не се уште не се знае дали ќе има и кога ќе почне со снимања.

Loading...
Next Post

Зуица Лазова проговори за Наум Петрески, за децата - како живеат во овие времиња

Една од нашите најпознати и најдобри пејачки во фолк музиката, и професор по хармоника во средното музичко училиште е Зуица Лазова. Таа е сопруга на Наум Петрески и мајка на две деца. Зуица беше гостинка во емисијата „Магазин“ на Тв Сител. На почетокот од разговорот, таа на сите гледачи им […]