Тања Кочовска раскажа за голготата во Бугарија – Едвај спасила жива глава

admin22
loading...

Со сопругот Предраг Павловски се еден од заштитните знаци на Театарот за деца и младинци, но како свој најголем успех го сметаат својот дом исполнет со хармонија

По децениите поминати на сцената, многуте награди и признанија, дружбите, патувањата, популарноста и изградената кариера, Тања Кочовска Павловска (46) за најголем успех смета само едно – своето среќно семејство. Со со помош секако и на својот сопруг, Предраг Павловски (45), тие фамилијарни односи исполнети со разбирање, смеа и љубов, ги градела со години и ги брани, секој ден, секој миг да не бидат нарушени од никој однадвор…


– Тука не давам никој да ми чепне! Отворено разговараме за се, се знаеме еден за друг и се решаваме четворицата заедно на маса.

Овде, дома се решаваат сите проблеми и недоразбирања – потенцира таа. А домот, сместен во една од зградите во скопската населба Карпош, веќе е подготвен за Великден.


Декориран пригодно, со испланирано мени и многу радост го исчекуваат големиот ден. На Тања почитта кон верските празници и е всадена уште од дете, од баба и по мајка, која била особено посветена на црквата, која одела и на аџилак. Ги сака ваквите денови, кога се сите дома, заедно.

– Многу им се радувам на овие празнувања и ништо не ми е тешко да направам за што посвечено и пораскошно да ги дочекаме – вели таа, а нејзиниот сопруг додава дека нејзе всушност, ниту останатите денови не и се поразлични од овие.


– Станува пред сите, последна легнува, ги врши сите домашни работи, излегува и прва е на проба в театар. Едвај чекаме со децата да замине на некое патување, да одмориме малку.

Ама брзо И завршуваат тие отсуства – се смее тој, а Тања ги потврдува неговите зборови велејќи дека толку се среќни кога отсуствува од дома што „пожртвувано“ тројцата и помагаат околу подготовките за патувањето и се страшно умни и беспоговорно ги примаат нејзините инструкции пред да тргне на пат.


– Леле, колку се само озарени кога ме испраќаат!? И колку се скиселени кога ќе им речам дека за три – четири дена се враќам назад!? – со насмевка коментира таа.

А дека е навистина „турбо модел“ потврдува и податокот дека минатата година „сама“ го реновирала нивниот стан.

Правела планови, се пазарела со мајстори, одела по стоваришта… Додека Предраг како секој „примерен македонски сопруг“ ја вршел најтешката работа, „седел стрпливо кај мајка му додека не заврши реконструкцијата“.


Работата на глумците често пати ги носи на патување во други градови и држави каде ги играат своите претстави. Овие патувања секогаш се исполнети со авантури и анегдоти.

Еве една анегдота од едно од патувањата на Тања Кочовска, на кое едвај извадила жива глава…, а Тања Кочовска ја раскажа во Еден на еден, емисијата на Жаре кога со колегите била во Бугарија.

-Еднаш се тумбавме со комбе во Бугарија, се излизгавме малце, се свртевме малку. Добри сме, фала богу, добри. Со појаси бевме, ама напред има појаси, позади нема. Летавме.

Јас само се сеќавам дека затворив очи дека паднав на стаклото, така се преврте, за да не ми ги исече очите. И во лимен сандак волкав имавме реквизити.


На тој лимен сандак, тука лежеше Владимир Лазовски, што беше заменик министер“, раскажа Тања за незаборавната турнеја со колегите актери и продолжи:

И него го поклопи сандакот. И после го зезавме, што не си остана уште малце внатре, после ќе те донесевме во Скопје. Знаеш она пост катаст-рофа кога ќе те фати, се смеевме до солзи три дена.


А јас одма, не може да се изгасне комбето, прво ми беше- изгасни, да не тече, да не се запали. Одма земав ташната, камерата, и летам надвор. Ама, први не дочекаа музиканти, ама прво тапаните, кај нив во рака беа. Први излетале“.

Потоа Бугарите ги прашале: Ами, вие ли сте музиканти? А ние искачаме со интрумети. Тапаниве кај нив во рака. И се стркалале назад“, раскажа Тања за својата неверојатна случка кога оделе во Бугарија на претстава.

Loading...
Next Post

Колку трае имунитетот по вакцината што сте ја примиле и дали ќе ви треба трета доза

Прашањето за имунитетот ја придружува глобалната пандемија на коронавирусот уште од самиот почеток. Со оглед на рапидно растечкиот број на инфекции во Европа, Северна Америка и во Јужна Америка, тоа е поитно отколку претходно. Една нова студија сега ги намалува надежите за природен имунитет без вакцинација. Истражувачи од лондонскиот Империјал […]