Тоа што му се случи во Грција заради песна цел живот ќе го памети – МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЕР не очекувал ваков потег од соседите!

admin22
loading...

Фолк пејачот Јордан Митев е еден од ретките на нашата естрада, кој имал храброст за 15 години колку што е на сцената, музички да еволуира.


Почна со традиционална музика, но тој имиџ го надмина и со хитовите кои ги редеше низ годиниве го доби епитетот на сериозен музичар и пејач. Песните во различни стилови можеби се чинеа како погрешен чекор, но времето покажа дека фолк музиката треба да излезе од зоната на комфорот и да се модернизира.


Јордан Митев рече дека никогаш немал дилема што ќе стане отако ќе заврши училиште, тој знаел дека ќе стане музичар.

-Јас завршив во село Подареш, тоа е моето родно село, радовишко село, прилично големо место, тоа е над 500 куќи, живо е ,активно.

Јас и денес се одморам таму, ја црпам мојата енергија. Таму завршив основно, а паралелно патував два пати неделно во Радовиш да учам и музика. Потоа, се запишав во средното музичко училиште во Штип, рече Митев во емисијата „Магазин“.

Тој магистирал оркестрација кај познатиот професор Живоин Глишиќ во Скопје. Митев зборуваше за сите семинари насекаде низ светот каде што одел како претставик на македонскиот фоклор и дека 15 години е веќе во естрадата.


За познатиот музичар Драган Даутовски коиј му бил професор, тој рече дека му бил како татко и имале прекрасен и пријателски однос.

На местата на кои настапува секогаш има одлична атмосфера, а публиката секогаш е на нозе.

Најбаран е во дијаспората, каде пред пандемијата настапуваше постојано.


Со оглед на тоа дека рестрикциите околу вирусот Ковид 19 престанаа, пејачот набргу ќе се врати на своите работни обврски, кои секако со нетрпение ги очекуваа сите.

Во текот на својата кариера патувал во скоро сите земји ширум светот и од секаде носи големи импресии.

Но, најголем впечаток му оставил настапот во Грција, кој ќе го памети целиот живот. Поради тој настап доживеал и непријатност.

Случката ја раскажа во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија.

„Би издвоил настап во 2015 кај нашиот јужен сосед. Тоа беше голем настап, на 25 декември. Поради тој мој настап имав и забрана за влез во Грција.“

„Тоа беше доста еуфоричен настап, кај што беа присутни многу луѓе, се пееше македонска песна“.


Тој настан би го издвоил бидејќи имаше една посебна енергија која што и ден денес кога ќе ми текне на тоа и самиот се ежам. Можам да кажам дека секаде сум прифатен од публиката максимално, во секоја земја во која одам“, кажа Митев во споменатата телевизи9ска емисија.

Loading...
Next Post

Овие три знаци во октомври ќе имаат невидена среќа, еве кој ќе стане БОГАТ

Познатиот руски астролог Павел Глоба откри кои знаци ќе постигнат огромен успех во областа на финансиите и бизнисот во наредниот месец. Како што вели, одеднаш ќе ги погоди неочекувано богатство. Ова се следниве знаци: Овен Овенот ќе биде еден од најсреќните хороскопски знаци во октомври. Астрологот ги советува претставниците на […]