Тоше Зафиров распали по новинарите: Страмно е ова што му го правите на Пандев Горан

admin
loading...

Вчера македонската репрезентација го одигра вториот натпревар на Европското првенство и го претрпе вториот пораз.

Првиот гол за македонската репрезентација во натпреварот со Украина го постигна фудбалерот Езгјан Алиоски.

Во 54-та минута Трајковски успеа да ја погоди пречката со помош на одбрана на Бушан, а Караваев го спречи Пандев да стигне до топката по што беше досуден пенал за Македонија.

Алиоски го изведе во 57-минута, го одбрани Бушан, но одбиената топка ја заби во голот за 2:1.

Инаку селекцијата на Украина после нешто повеќе од половина час игра во првото полувреме постигна резултат од 2:0 против репрезентацијата на Македонија. Стрелци на головите во првото полувреме за Укрина беа Јармоленко и Андриј Јаремчук.

По вчерашниот пораз од Украина, селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев заедно со своитие фамилии седнале во луксузен ресторан во Букурешт, но биле фатени од романските папараци.

Сето ова би било нормално доколку се работеше за првенство во некое друго време. Поради пандемијата на ковид-19, УЕФА најстрого бара од фудбалските репрезентации да немаат контакт со други луѓе освен оние од репрезентациите.

Но очигледно Пандев и Ангеловски излегле од таканаречениот „меур“. За потсетување, пред тргнувањето на ЕП, на премиерот Зоран Заев не му беше дозволено да се види со фудбалерите, токму поради таканаречениот „меур“.

„Меурот“ се прекршуваше и во Скопје, на социјалните мрежи излегуваа многу фотографии од фудбалерите сликани со фанови.

Останува да видиме дали УЕФА ќе ги казни Ангеловски и Пандев поради прекршување на протоколот.

На социјалните мрежи, се огласи еден од нашите најпознати билдери, Тоше Зафиров. Тој остро реагира по повод написите поврзани со Горан Пандев:

-И најголем ск -андал да има направено срамота е и бедно наши портали да објавуваат за човекот кој што душата ја остави на терен за нашата држава ,голем спортски амбасадор кој што е идол на многу генерации .

Да пишувате дека е скандал што вечерал со сопругата е повеќе од бедно и страмно после се што направи Пандев и целата репрезентација за целата наша нација .

Loading...
Next Post

Хелена Роза повторно ЗГРМЕ на фејс околу пасошите: Ова што го правите е мачкање очи и млатење празна слама

Министерството за внатрешни работи, пред два дена информираше дека пасошите на граѓаните, чија важност истекува по 31 јули 2020 година, ќе продолжат да важат до 31 декември 2021 година. – Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во „Службен […]