Трагедија: Драгана Мирковиќ скршена од болка!

admin22
loading...

Фронтменот на популарната група „Дивљи кестен“, Игор Старовиќ почина вчера по кратко боледување на 56 годишна возраст.

Старовиќ помина 10 години во групата „Дивљи кестен“ каде беше пејач, композитор и аранжер.

Групата се формираше во 1992 година. Снимиле пет албуми зад кои останаа големите хитови како „Suze krijem, same teku”, „Ti si moja muzika”, „Kristina”, „Gori, gori, srce moje”.

По образование Старовиќ е археолог.

Популарниот музичар и композитор пред само четири дена се огласил на социјалните мрежи со емотивна порака.

„Само да не те сакам“ е стихот кој го споделил.

Игор со бендот „Дивљи кестен“ сними пет албуми од кои се и хитовите „Сузе кријем, саме теку“, „Ти си моја музика“ и „Кристина“.

„Добар човеку, засекогаш ќе живееш во нашите срца“, е една од бројните посвети со кои роднините и пријателите се простија од него.

Нека почива во мир!

Неговата соработничка, колешка и пријателка Драгана Мирковиќ рече:

„Длабоко сум шокирана од тажната вест дека нè напушти еден таков прекрасен и талентиран човек како Игор. За жал, во последно време се повеќе има информации за прераното заминување на драги луѓе кои можеа да направат и да дадат уште многу.

Моето искрено сочувство и моите мисли во моментов се пред се со неговото семејство. Ќе се трудам да го зачувам споменот за него и во годините што доаѓаат, како преку мојата телевизија, така и со изведување на песна што ја снимивме заедно“, рече Драгана.

Да потсетиме, Игор помина 10 години во бендот „„Дивљи кестен“ каде што беше пејач, композитор и аранжер. Групата е формирана во 1992 година за време на војната и веднаш стана миленик на публиката.

Групата уживаше голема популарност, одржа илјадници концерти низ земјата и светот и освои бројни музички награди. Пред неполна година Игор и групата „Дивљи кестен“ ја добија наградата „Белградски победник“ за „придонес и зачувување на традицијата во забавната музика“.

Игор еднаш зборуваше за неговата блиска средба со смрт та кога беше учесник во реалното шоу „Фарма“.

Loading...
Next Post

(ФОТО) НАЈГОЛЕМАТА МИСТЕРИЈА НА ТРАГЕДИЈАТА СО ПЕРИШ! По инцидентот во клубот паднале ТЕШКИ ЗБОРОВИ, а потоа Матеј го напуштил клубот!

Телото на помлад маж е пронајдено синоќа кај Ада Хуја, а со визуелен увид била констатирана голема коинциденција со исчезнатиот Матеј Периш. Имено, на телото се истите патики, маица, темносини фармерки, сребрен часовник на раката и телефон во џебот, што одговара на описот на гардеробата што ја носел исчезнатиот Периш. […]