Три симптоми кај омикрон кој ги нема кај настинката – Еве како да направите разлика

admin22
loading...

Од почетокот на новата година, околу 100.000 луѓе во Хрватска се дијагностицирани со Ковид-19. Скоро како цела Риека! Меѓу нив има и голем број вакцинирани и прележани. Зошто омикрон го избегнува стекнатиот имунитет?

Втор позитивен тест за КОВИД поради омикрон добива се повеќе граѓани.

Бернард Каиќ од СНИЈЗ наведува дека меѓу вкупниот број заболени, процентот на претходно болни бил помал, околу 1,1 и пол отсто, но во последните недели се чини дека достигнал 15 отсто.

Омикрон избегнува претходна инфекција, но и вакцинација. На пример, меѓу новозаразените во неделата, околу 30 отсто биле вакцинирани со две дози, а пет отсто со три.

Вакцинираните луѓе обично имаат поблаги симптоми

Меѓутоа, оние кои биле вакцинирани и оние кои прележале ковид обично поминуваат со поблаги симптоми.

Пред ковид амбулантите има големи редови, а ако не сте сигурни дали имате грип или омикрон, ова ќе ви ги разреши дилемите.

Омикрон варијантата на коронавирусот дава многу симптоми слични на обичната настинка, па е поставува прашање како да се направи разлика и како да зсе знае дали да одите во ковид амбуланта, пред која овие денови во Македонија има големи редици и да се изложите на ризик од заразување или сепак да останете дома и да лечите настинка.

Експертите утврдиле три симптоми кои се добиваат при омикрон, а кои не се појавуваат при настинка.

-Единствена карактеристика на короната е губење на мириот и вкусот, што го нема кај обичната настинка, рекол д-р Ха Шао, лекарот од ифективната болница во медицинскиот центар Шарп Чуло Виста во Сан Диего и додал дека обичната настинка не предизвикува треска и тешка главоболка, што се кај омикронот преовладувачки симптом.

-Ако ги имате истите симптоми, многу е веројатно дека сте добиле ковид, рекол Шао и потсетил дека силни симптоми на омикрон и настинка вклучуваат температура, воспаление на грлото, а како болеста апредува и кашлица, крадот здив и отежнато дишење.

Гребење во грлото е состојба која се истакнува како еден од препознатливите симптоми на омикрон варијантата на коронавирусот. Според лекарските извештаи од Англија, огромен процент на пациентите со КОВИД-19 пријавуваат гребење во грлото.

Треба да се напомене дека ‘гребење во грлото’ какво што препознаваат пациентите во случаевите на инфекции со омикрон, не е исто што и воспаление на грлото, кое се јавуваше кај претходните соеви.

Студијата ZOE COVID, која анализирала илјадници случаи на зараза и детално информираше за симптомите на КОВИД-19, открила дека болката во грло се издвоила како еден од главните симптоми во време кога почна да кружи омикрон варијантата.

Ново истражување сугерира дека омикрон предизвикува полесни симптоми, особено во споредба со претходните варијанти на вирусот.

Д-р Анџелик Коци, претседател на Јужноафриканското здружение на лекари, по откривање на омикрон, изјави дека пациентите имаат ‘необични симптоми’, меѓу кои го истакна токму споменатото гребење во грлото.

Преостантатите три најчести симптоми на омикрон се течење на носот, затнат нос или болка во грлото.

Значи, ако забележите дека ве боли грлото, иако таа болка повеќе е како гребење или пецкање, и во нормални околности би ја занемариле, секако треба да се тестирате, бидејќи можеби сте позитивни.

Loading...
Next Post

На последното видео од Матеј се слуша извик, беа кажани два многу важни збора ВИДЕО

Маршрутата што ја поминал младиот сплиќанец Матеј Периш ноќта на неговото исчезнување, неколку пати е обележана и реконструирана и веќе е целосно позната, но описот на движењето не дава одговор на прашањето зошто младиот човек се движел токму по таа рута. Во досегашната истрага, некои експерти забележуваат дека Матеј без […]