Трифун Костовски проговори околу ова што се случува во Охрид

admin

Статус на Трифун Костовски: Почитувани пријатели, Убавиот бисер Охрид и целото Охридско езеро е уникатен по својата убавина и затоа е ставен под заштита на УНЕСКО.

Кај мене се создава една голем дилема како човек кој ги почитува законите за заштита на природното богатство, меѓутоа и за задоволување на личните потреби на секој поединец.

Во последните две децении сме под комплетна лупа на УНЕСКО дали ќе ни се одземе лиценцата за посебноста на Охрид и Охридското езеро како светско културно наследство поради фактот што се узурпира крајбрежниот дел на Охрид и испуштање на отпадни води во самото езеро.

Секојдневно сум бомбардиран со фактот колку локалната самоуправа е ангажирана околу рушењето на така-наречените диви објекти во Охрид и целото Охридско езеро, бидејќи ги нарушува стандардите пропишани од УНЕСКО.

Не само за мене, туку и за многу мои сограѓани и голем дел на туристи, Охрид е прекрасна дестинација и нужно е да се обезбедат услови кои ќе го релаксираат секој посетител.

Чувството да го испиеме кафето над вода или до вода или да го осетиме мирисот на водата е многу силно, меѓутоа строгите правила на УНЕСКО, нам вљубениците на Охрид ни ја одземаат таа можност да овој прекрасен бисер го уживаме.

Не можам да разберам како сакаме да развиваме туризам на Охридскиот брег не нудејќи погодности на секој добредојден турист.

Не знам кои средства Охрид ги добива од УНЕСКО, за вака високо поставената природна убавина и нејзината заштита, меѓутоа мора да разбереме дека Охрид ни припаѓа со сета своја убавина и нам и сакаме да го доживееме на посебен и автентичен начин.

Јас како поединец сум против строгите правила кои УНЕСКО ни ги наметнува како услови. Охрид мора да биде близок со секој поединец. Охриѓани и цела Македонија мораат да опстојуваат.

Туризмот им е единствената гранка. Мојот став е следен: животот версус УНЕСКО.

Loading...
Next Post

Големо олеснување за Македонците во Германија - денес властите донесоа одлука за симнување на земјата од листата на ризични

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан даде одобрение за дигиталниот пасош за вакцинација, но сертификатот нема скоро да биде достапен за секого. Лекарите и аптеките не се подготвени. Следниот ден на прес-конференција министерот за здравство Јенс Шпан се радува на опаѓачките бројки на нови инфицирани со корона вирус.. Тоа се […]