Цеца проговори за потенцијалниот зет




Анастасија решила сама да ја финансира целата забава, а не сакала да земе ни денар од мајка си. Пијалоците ја чинеле повеќе од храната, бидејќи освен цедени сокови и коктели, на гостите им понудила скапи вина и шампањ.




За споредба, тортата чинела симболични триста евра, но многу пари биле вложени во изнајмување на локалот, украсување и музика. За да остане сè во најлуксузното издание, дури и гостите добиле подароци на овој роденден – Анастасија лично се ангажирала во секој сегмент од организацијата.




Се чини дека сè требало да биде тип-топ, бидејќи, покрај роденденката главни гости беа нејзиниот дечко Немања Гудељ и неговото семејство, кои допатувале од Шпанија.




Цеца, горда веднаш помислила во доцните часови на специфичен начин да ѝ го честита роденденот на својата ќерка, а сето тоа со поддршка од целото семејство Гудељ, на чело со Немања, кое дојде во Србија за овој ден.




Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ се насмевна и се појави во ресторанот во кој вечерва роденден слави нејзината наследничка Анастасија.




Со Цеца беше семејството на момчето на Анастасија, фудбалерот Немања Гудељ – сестрата Вања Гудељ, како и мајката на Немања. На прославата се појави и тетката на Анастасија, Лидија, а Цеца им се обрати на присутните новинари.




По тој повод пејачката откри дека Немања Гудељ со еден гест ја расплакала.




– Јас сум многу среќна. Мислам колку време помина, додека човекот се сврти, станаа луѓе – рече таа и откри како помина запознавањето со „зетот“.








– Сјајно помина запознавањето. Навистина не знам да ви дадам одговор на овие ваши прашања.




Немања синоќа направи еден гест и ми предизвика солзи во очите, но нема да зборувам за тоа. Немаше веридба, рече таа – рекла Цеца.