УБАВИ ВЕСТИ ОД ИТАЛИЈА: Заразени со вирусот, биле излечени со експериментална терапија

admin22
loading...

Италија, во која досега умреа 12 луѓе во епидемијата на коронавирусот, објави вечерва дека во земјата се заразени вкупно 424 лица, според податоците на Цивилната заштита, пренесуваат агенциите.

Новите податоците на шефот на Цивилната заштита Анџело Борели не содржат информации за смртните случаи, но прецизираат дека тројца пациенти целосно оздравеле.

Станува збор за тројца пациенти лекувани во Рим од почетокот на февруари – двајца кинески туристи и едно момче кое се вратило од Кина. Тоа биле воедно првите случаи на зараза со коронавирусот во Италија.

„Тројца пациенти кои беа позитивни на коронавирусот се излечени. Тоа е порака до Италијанците дека болеста се лекува“, кажа Франческо Ваиа, директор на италијанската болница за заразни болести Спаланзани во Рим.

Болницата во лекувањето користела антивирусна експериментална терапија, прецизираше тој. Лекарите експериментирале со антивирално агенси и лекови кои се користат против ебола вирусот.

Само 36 од заболените се на интензивна нега, истакна Борели.

Од петокот се спроведени 9.687 тестирања и помалку од 4 отсто биле позитивни, наведува Цивилната заштита. Тестирани се лица со симптоми и оние кои биле во контакт со позитивни лица.

Најпогодена е Ломбардија, економскиот центар на земјата каде што има 258 случаи на зараза, меѓу кои за првпат и четири деца (на возраст од 4 години, два 10-годишници и еден 15-годишник) кои имаат благи симптоми.

Осумнаесет карабињери од Кодоњо од денес се во изолација поради мерки на претпазливост бидејќи биле на проштална средба со колега кој е заразен. Кодоњо и девет града во регионот Венето се под карантин по хоспитализацијата на 38-годишниот „нулти пациент“, со кого се поврзуваат повеќето случаи во Ломбардија.

Во Венето се заразени 71 лице и таму во петокот беше забележан првиот смртен случај.

Loading...
Next Post

ЖЕНА СЕ ШЕТАЛА ВО РИМ: Можен втор случај на корона во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче на денешна прес-конференција извести дека ситуацијата со заразената пациентка од коронавирусот е добра, но дека вчера две нови лица се пријавиле на Инфективна клиника. Филипче извести дека еден од пријавените бил возач кој патувал во Италија, но бил негативен на коронавирусот, додека другиот случај била […]