Убави вести за сите кои скенираат фискални – Лимитот за поврат на ДДВ ќе порасне до 2400 денари – ЕВЕ КОГА!

admin3
loading...

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки.

-Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery, а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.

Корисниците на на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање (update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо, „основен“ повторно да одберат „напреден“, информираат од УЈП.

МојДДВ е мерка за граѓаните и средствата од таа мерка се враќаат кај граѓаните.

Од УЈП соопштуваат дека веќе ја почнале исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.

Ажурирањето во апликацијата МојДДВ е завршено за корисниците на „Хуваеи“ и на „Ајфон“ и тие може да ја преземат новата верзија, додека од „Плеј стор“ се уште немаме повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска за телевизија Канал 5.

– По три години неопходни се промени во апликацијата МојДДВ бидејќи имаме огромен број корисници. Апликацијата има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.

Овие правила не зависат од нас како институција, туку од тимот што го уредува системот. Очекуваме во најскоро време тоа да биде надминато. Во меѓувреме како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите, скенерите во сите подрачни единици на УЈП – рече Лукаревска.

– Баш одиме во чекор со соодветни економски текови. Мерката само ќе се унапредува – потенцира Лукаревска.

Во однос на ребалансот на буџетот и новите мерки, Лукаревска, која е и потпретседателка на СДСМ, напомена дека се одвојуваат многу повеќе средства за таргетираните категории на граѓани и дека истите ќе бидат навремено имплементирани.

– Со ребалансот имаме нова обврска, имаме нов износ на средства кои треба да ги прибереме. Повеќе од 20 милијарди. Повеќе средства ќе има за социјална помош, земјоделство, придонеси за плати, зголемени пензии но и повеќе средства за енергетска ефикасност.

Мерките ќе бидат навремени бидејќи во моментот се следат сите капацитети. Ова не е спринт туку маратон, сите знаеме дека не чека долга есен и тешка зима – појасни Лукаревска.

Лукаревска истакна и дека од 1ви јануари 2023 ќе има зголемување на лимитот на парични средства кои граѓаните можат да ги добијат од апликацијата „Мој ДДВ“ од постоечките 1.800 денари на 2.100 денари, со тенденција сумата повторно да се зголеми во 2024 на 2.400 денари.

Loading...
Next Post

МНОГУ ВАЖНО! Ако скенирате сметки, ова мора да го направите!

Директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Канал 5 вчера истакна и дека од 1 јануари 2023 ќе има зголемување на лимитот на парични средства кои граѓаните можат да ги добијат од апликацијата „Мој ДДВ“ од постоечките 1.800 денари на 2.100 денари, со тенденција сумата […]