УЈП со многу важно соопштение за корисниците на „Мој ДДВ“

admin22
loading...

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска извести дека новата верзија на апликацијата „Мој ДДВ“ е достапна за корисниците на Хуваеи и Ајфон, а се чека одобрување уште од „Плеј стор”, напоменувајќи дека апликацијата има нови правила и политика на приватност.

„По три години неопходни се промени во апликацијата „Мој ДДВ”, бидејќи имаме огромен број корисници. Ажурирањето е завршено за корисниците на Хуваеи и Ајфон и тие може да ја преземат новата верзија, додека од „Плеј стор“ уште немаме повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек, рече Лукаревска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Апликацијата, како што додаде, има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.

„Овие правила не зависат од нас како институција, туку од тимот што го уредува системот. Очекуваме во најскоро време тоа да биде надминато“, појасни Лукаревска.

Во меѓувреме, посочи таа, како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите и скенерите во сите подрачни единици на УЈП.

Според директорката на УЈП, оваа апликација помага во делот на сузбивање на сивата економија со тоа што граѓаните бараат повеќе фискални сметки на местата каде што пазарат, но истакна дека треба да се вложат повеќе други делови од општеството и сите инспекциски служби за да се избориме со сивата економија.

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки.

-Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery, а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.

Корисниците на на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање (update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо, „основен“ повторно да одберат „напреден“, информираат од УЈП.

МојДДВ е мерка за граѓаните и средствата од таа мерка се враќаат кај граѓаните.

Од УЈП соопштуваат дека веќе ја почнале исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.

Директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Канал 5 порача дека земјава треба максимално да се посвети на домашните задачи, да се прават реформи и вели дека кога земјата е во скрининг процес, не е ниту време ниту место за референдум.

„Не го знаеме прашањето за референдум. Јасно беа поставени црвените линии кои беа изгласани со 68 гласови во Собранието. Го имаме македонскиот јазик и идентитет, историјата е надвор од преговарачкиот процес. Кое прашање би требало да го поставиме? Дали сакаме да одиме во Европската Унија? Мора да одиме напред сите во овој процес“, истакна Лукаревска.

Лукаревска истакна и дека од 1ви јануари 2023 ќе има зголемување на лимитот на парични средства кои граѓаните можат да ги добијат од апликацијата „Мој ДДВ“ од постоечките 1.800 денари на 2.100 денари, со тенденција сумата повторно да се зголеми во 2024 на 2.400 денари.

За протестите на вработените во „Колска“ кои револтирани од шесмесечното блокирање на фабричката жиро-сметка од страна на УЈП ја блокираа железничката постојка во Велес, Лукаревска вели дека ги разбира вработените, но одговорите треба да ги побараат кај раководниот тим кој не ги плаќале долговите кон УЈП.

Loading...
Next Post

Седнав со ќерка ми да ручаме во еден ресторан во Грција - Кога дојде сметката останав ЗБУНЕТА ФОТО

Српска туристка на Фејсбук побарала помош да најде ресторан кој го воодушевила… Во Фејсбук групата „Во живо од Грција“ беше споделена објава на српска туристка која ја посети Атина. Имено, како што навела во објавата, сакала да остави позитивна рецензија за еден грчки ресторан каде била воодушевена од однесувањето на […]