Утрешниот празник е многу важен за жените: Направете го ова и ќе ви се исполнат желбите

admin22
loading...

Утре се празнува Марија Магдалена или Марија Магдала во апокрифите од Новиот Завет и во Новиот Завет е опишана како една од најважните женски личности во животот и мисионерството на Исус Христос.

Марија Магдалена била доследна следбеничка на делото на Исус Христос во времето на неговиот живот и по него. Таа во движењето можеби станала позната во последните денови на Исус, патувајќи заедно со него и Апостолите. Според сите Четири Евангелија, Марија Магдалена била првиот сведок на Воскресението Христово.

Марија Магдалена е наведена и во ранохристијанските списи како „апостол на апостолите“. Во апокрифните текстови, таа е опишана како визионер и лидер на Исусовото движење, која била сакана од Исус повеќе од сите други ученици.

Loading...

Во текот на историјата, па и во модерно време се појавиле различни шпекулации или тврдења во врска со Марија Магдалена, вклучувајќи ги и тврдењата дека таа му била сопруга на Исус.

Бидејќи според заслугите во одбраната на христијанството е рамна на апостолите Марија Магдалена е наречена рамноапостолна.

Таа е родена во Сирија во близината на градот Магдала, поради што е наречена Магдалина. Во младоста била грешница, од што на прав пат ја извел Исус, а таа оттогаш станала негова верна ученичка. Во Светото евангелие според Марко се вели дека Исус од неа истерал седум бесови и целосно ја изцелил од болеста од која страдала: „А Исус кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најпрвин на Марија Магдалина, од која беше истерал седум демони“. (Марко 16:9)

Присуствувала на поважните моменти од неговиот живот особено последните денови, присуствувала на распнувањето на Голгота и страдала заедно со мајка му Богородица. Видела и кога го положиле во гробот. По воскреснувањето Исус најпрвин ѝ се јавил нејзе.

По Воскресението со Пресвета Богородица и со апостолите живеела во постојана молитва и била сведок на првите успеси на христијанското учење во Еруалим.

Потоа пристигнала во Рим и на царот Тибериј подавајќи му црвено јајце му ја соопштила веста за Христовата судбина и за воскреснувањето. Му се обратила со зборовите: „Христос воскресе“, и со тоа му соопштила за распнувањето и воскреснувањето на Исус. Во исто време го обвинила Понтије Пилат дека иако можел не го заштитил праведниот Исус.

Тоа било причина царот да го повлече Пилат и да го испрати по казна на служба во Алипите каде што во царска немилост го завршил животот. По овој пример останал обичај христијаните да си подаруваат црвени јајца и да си го честитаат празникот Велигден со зборовите „Христос воскресе“.

Подоцна Марија Магдалина дошла во Ефес каде што му помагала на Јован Богослов во проповедањето на Христовата вера. Тука и умрела, и била погребана, а подоцна во 5 век нејзините мошти од Ефес биле пренесени во Цариград. Светата Христова црква споменот на нејзиното име го празнува на 4 август според новиот, односно на 22 јули според стариот календар. (Подготви Марко Китевски)

Се верува дека на овој празник жените кои одат во црква, палат свеќи и се молат само за една желба, истата ќе им биде исполнета.

Исто како и во деновите на Огнена Марија и Трнова Петка, на празникот на Блага Марија домаќинките треба да одмораат. Кај народот постои верување дека не е добро да се работи било што низ куќа или на полето, за да не се навреди светицата.

Од друга страна, се верува дека добрите и чесни жени кои живеат исправен богоугоден живот, секогаш, но особено на денешниот ден, имаат огромна заштита од оваа светица, Благата Марија.

Народот верува дека ако на нејзин празник жените отидат во црква и ако и се помолат и запалат свеќа, можат да бараат исполнување на една искрена желба, а доколку се со чисто срце, светителката нема да ги одбие.

Марија Магдалена од страна на Римокатоличката црква, од Православната црква и од Англиканската црква се смета за светец. Нејзиниот празник се чествува на 22 јули. Таа исто така се чествува и од страна на Лутеранската црква.

Од Рим, Марија Магдалена се вратила во Ефес кај апостол Јован на кој му помогнала во проповедта на евангелието. Моштите на Света Магдалена биле пренесени во Цариград. Блиску до Гетсиманската градина во Ерусалим, денешен Израел, била изградена Црква „Марија Магдалена“ посветена на оваа светица.

Според четирите Евангелија, името на Марија Магдалена се разликува од другите жени кои го носат името Марија, бидејќи кон првото име стои и „Магдалена“ или „Магдалина“. Според ова, се смета дека таа потекнува од Магдала, град кој се наоѓа на западниот брег на Галилејското Море. Според Евангелието на Лука (Лука 8:2), името всушност и било додадено од страна на месните жители кои ја нарекувале Магдалена. На арамејски јазик, “Magdala” во превод значи „кула“ или нешто возвишено, големо или величествено.

Во Евангелието на Јован, исто така името „Марија“ е наведено најмалку два пати.Гностичките списи ги користат имињата Марија, Марија Магдалена или само Магдалина.

Марија Магдалена на грчки е Μαρία, кое обично се смета за латинска форма на Μαριὰμ (Mariam, Мариам). Мариам на хебрејски се преведува како „Сестра на Мојсеј“. Името станало многу популарно во времето на Исус поради можните владеачки врски со династиите на Хасмонеан и Херодиската династија.

Loading...
Next Post

СВ. МАРИЈА МАГДАЛЕНА ИМ НОСИ МИР САМО НА ОВИЕ ЖЕНИ: Зошто се верува дека на овој празник треба да внимавате што работите

Празникот на блага Марија, Македонската православна црква утре го празнува во спомен на Марија Магдалена. Се слави на 22 јули според старојулијанскиот календар (4 август според граѓанскиот Грегоријански календар). Утре се одбележува споменот на Марија Магдалена. Таа била родена во планинските предели на Сирија, околу градот Магдала, поради што била […]