Важна порака за пензионерите од Стопанска банка, а во врска со јунските пензии

admin
loading...

Земајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ве известува дека пензиите за месец јуни од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани

при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

Со пензиите за месец јуни, клиентите ќе можат да располагаат од денес, 29.6. 2021 (вторник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

До 11.000 денари на 29. 6. 2021 (вторник) 11.001-14.000 денари на 30. 6. 2021 (среда) 14.001-18.000 денари на 1. 7. 2021 (четврток) Над 18.001 денари на 2. 7. 2021 (петок)

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите посебно во услови на високи температури.

Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел

намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

Воедно, од банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и задолжително е носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 1м.

Loading...
Next Post

Миодраг Цениќ: Јас како србин, доживеав пријатно искуство со албанец при вадење пасош

Вчера Марина Тунева од Скопје, опиша непријатно искуство при вадење лични документи во МВР. Таа во статус на социјалните мрежи, меѓудругото напиша: „…Одиш час пред закажаното, да не биде во брзање. Чекаш на температура од 40 степени, меѓу стотина други, изнемоштени, возрасни, со деца, луѓе кои излегле од работа, било […]