Познатата манеќенка Хајди Клум објави видео на инстаграм во кое ги советува луѓето да останат по дома ако не се чуствуваат добро, а се сомнева дека можеби и она е заразена од коронавирусот.
Клум се разболела на сниманњето на емисијата „Јас имам талент“, во која е подолго време како член од жирито. Таа изјавила дека сакала да се тестира и дека имала две неуспешни молби од два лекари.
-„Не сум во жири бидејќи сум болна, кашлам, ми тече носот. Не се осеќам добро, останав да седам дома. Се надевам дека оваа е само една обична настинка, би сакала да се тестирам на коронавирус …. Контактирав со два доктора и не можам да дојдам до ниеден кој би ме тестирал“, изјавила таа, додека реакциите на социјалните мрежи во Америка се бурни на оваа изјава.
„Дали е оваа можно, Хајди Клум не може да се тестира?“, „нечовечно, бесна сум“, „ова е тажно“, „некој би требало да реагира“, се само некои од коментарите кои можат да се најдат по друштвените мрежи, во кои сите нејзини следбеници ја изразуваат нивната загриженост.