Вистинска убавица – Вака изгледаше Лила Филиповска како невеста (фото)

admin22
loading...

Лила е родена во Шведска, каде што живеела 12 години. Нејзиното семејство потекнува од скопското село Виниче.

Стојановска има завршено средно медицинско училиште во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, и студирала на насоката Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.

Нејзините почетоци во работата се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги направила првите водителски чекори.

Лила краток период се занимавала и со музика, најпрво во дует варијанта со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло песните: „Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Кам, бејби кам“.

По разводот со својот тогашен сопруг Орце Димитровски, некогашен водач на групата „Ариа“ и нивниот музички излет на фестивалот „Охридски трубадури“, таа ја баталила музичката кариера, целосно посветувајќи му се на она, во што е неприкосновена – ТВ водителството.[6]

Нејзината популарност ескалирала со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“.

Наредните години водела ток-шоуа и забавни емисии, еден од нив бил „Таму кај што си” со Мишко Барзов, а последниве години повторно се вратила на својата прва љубов – квизот.

Последниве години, речиси една деценија, го води квиз-шоуто „Сè или нешто“, на ТВ Сител.[7]

Лила Филиповска важи за една од најзгодните, најатрактивните и најангажирани водители кај нас.

Што и да облече на себе одлично и стои, а секогаш добива комлименти на својот изглед.

Освен тоа имаме прилика да ја гледаме секој ден во забавното шоу „Се или нешто“, Лила е активна и на социјалните мрежи на кои што рекламира одредени модни брендови, козметички произови, патувања, накит.

На Лила агендата е потполнета со работни и професионални обврски, но има и време и за нејзините следбеници.

Таа работеше од дома, па го искористи времето да се дружи со своите виртуелни пријатели односно да им одговара на прашања.

Некои од корисниците на социјалните мрежи ја пофалија за изгледот, други ја пршаа за омилен филм, патување…..

Меѓутоа, некој од следбениците ја замоли Лила да објави фотографија од нејзината свадба, а водителка го направи тоа.

Имено, таа објави фотографија на која позира во невестински фустан.

Инаку, Лила зад себе има два брака, а вели ако се појави некој кој ќе ја побара за жена би прифатила.

Лила од првиот брак го има синот Филип кој е најголема поддршка.

Loading...
Next Post

Талат од Преспав ја покажа најважната жена во својот живот!

Дритон Вејсели или познат како рецепционерот Талат од „Преспав“ ја освои публиката со оваа улога во македонската серија. Сите го знаеме како шарматниот Талат од село Џепчиште кој работи на рецепција во пансионот „Преспав“. Актерот Дритон Вејсели од популарната серија, е спротивност на ликот кој го глуми. Тој не живее […]