Во коментари се „закачија“ Трендо, Србче и Ина Многуфина околу исечените дрва во Дебар Маало

admin

Деновиве во скопско Дебар Маало беше исечен дрворед, а образлоѓжението од општината беше дека дрвата биле стари, болни и скапани. Тие уште надополнија дека на местото на пресечените, ќе бидат засадени нови дрва.

Но, порталот Оф нет на Трендо Мацановски, објави фотографии на кои се гледа дека пресечените дрва и не биле така болни како што беше претставено.

„Во отсуство на паркобраните, сега цела надеж ни е во Демократската унија за интеграции, напиша порталот Оф Нет, илустрирајќи со фотографии од лице место.

Во коментари под статијата која ја пренесе Ина Многуфина, прокоментира градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ:

„Стари и болни беа дравата. Имаат решение а на истите места ќе се засадат нови“

На ова, му одговори Трндо: „Саша Богдановиќ Пууу, кај колку партиски кадри би испаднал истиот пресек.“

Потоа, со подолг коментар се надоврза Ина Многуфина:

„Саша Богдановиќ пред неколку години на Рузвелтова, Жеки беше тогаш, во негово време имаше убави инвеститорски градби, идеи и све што си оди со едно урбано Дебар маало, но за тоа другпат, на еден од најубавите дрвореди во градов решија да сечат едно дрво исто така старо, болно, изнемоштено све тоа.

Баш се погоди кога позади тоа дрво никна една зграда и некако тоа дрвце сметаше да може во иднина некој да влага со кола до зградата од улицата.

Секако сите знаеме дека од Рузвелтова не се влага со кола по згради и има стубчиња но…почна да се бетонира делот пред зградата баш некако да присобере две три коли и тие освен од улицата немаа како да влезат таму.

И така дрвото стана старо болно изнемоштено одвратно грдо и некултурно и све најлошо што може едно дрво да биде и го исекоа тоа безобразно дрво.

Се дигна паника, се појавија слики од соседи дека дрвото си беше ок ете зелено све ко шо треба и зошто баш тоа тука што сметаше на влезот на можеби паркинг можеби не во новата зграда не беше јасно. Веднаш засадија ново.

Дремеше новото ко чечкалица такво сиротко не знам ни дали се фати но паркингот се фати. Среќа една работа успеа и колите се паркираат таму и сега све си е ок. Кратка приказна за старо и болно дрво“

Саша Богдановиќ одговори со тоа што постави фотки од пресечени трупци, кои се навистина скапани.

Loading...
Next Post

„Морав да работам во локален маркет, иако имам две дипломи: Сега знам како е да се биде од двете страни на касата и тоа ме смени“

„Додека трошев 100.000 долари и учев напорно за да заработам два степени, никогаш не сонував дека ќе завршам како благајник во локална самопослуга, но ми требаше работа“, започнала со признанието Никол Џонсон. Една година порано, таа ја напушти својата работа во областа на маркетингот, бидејќи имаше впечаток дека работи само […]