Градоначалникoт на Ѓорче Петров им забрани користење мобилни телефони на наставниците
Истовремено, Наумоски ги повика и родителите да посветат внимание на нивните деца, и да поработат на кревање на свеста за последиците од употреба на мобилни телефони за време на часовите.
Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, им забрани употреба на мобилните телефони, на наставниците, во текот на одржувањето на наставните часови.
Оваа одлука, како што вели Наумоски доаѓа како поттик на наставниците за поуспешно спроведување на наставната програма.
Истовремено, Наумоски ги повика и родителите да посветат внимание на нивните деца, и да поработат на кревање на свеста за последиците од употреба на мобилни телефони за време на часовите.