Во овие земји ќе зборуваме како да сме дома: Министерот Бујар пред малку објави добра вест

admin

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, објави статус во кој информираше дека е донесена одлука за продолжување на трајноста на патните исправи:

„Одлична вест за нашите граѓани во странство. Собранието на Република Северна Македонија тукушто ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија

со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021..

Со тоа конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

Продолжуваме понатаму и со проектот за е-конзулат, со мобилни базни станици, со кои наскоро целосно и долгорочно ќе го затвориме прашањето за издавање патни исправи во странство.“

Османи синоќа проговори и за ЕУ перспективите на нашата земја:

-Во однос на критериумите земјите членки се стриктни и најголемите пријатели на државата во делот на владеењето на правото, реформите тие ќе бидат стриктни. Како што знаат Холанѓаните често да кажат – Стриктни, но фер и ние тоа го сакаме, сакаме засилен мониторинг кој ни помага тука да ги направиме реформите.

Нас ни пречат прашања кои што немаат поврзаност со европскиот процес, инаку ако беше до исполнување на реформи, Копенхашки критериуми, политички, економски, и доколку не сме ги исполниле условите тоа е прашање на посветеност, со кое ќе се соочиме во текот на преговорите.

Тоа што сметаме дека не е фер кон нашето досие е што прашања неповрзани со ЕУ нас ни се пречка веќе 16 години но нема алтернатива на тој пат. Но, интересот да следните генерации бидат во ЕУ е многу поголем од фрустрациите кои ги чувстува оваа генерација во текот на пристапувањето, истакна Османи.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на својот Фејсбук профил пред малку, објави дека роамингот од Македонија, почнувајќи од 1ви јули нема да важи за Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

„Од 1 јули БЕЗ РОАМИНГ со Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора!“

Loading...
Next Post

Во коментари се „закачија“ Трендо, Србче и Ина Многуфина околу исечените дрва во Дебар Маало

Деновиве во скопско Дебар Маало беше исечен дрворед, а образлоѓжението од општината беше дека дрвата биле стари, болни и скапани. Тие уште надополнија дека на местото на пресечените, ќе бидат засадени нови дрва. Но, порталот Оф нет на Трендо Мацановски, објави фотографии на кои се гледа дека пресечените дрва и […]