Во понеделник се празнува Света Петка: Жените никако не треба да ги прават овие две работи!

admin22
loading...

Денес се празнува летна Св. Петка Параскева: Жените не треба да ги прават овие две работи!

Македонската православна црква во понеделник, 8. август ја празнува летна Света Петка Параскева – заштитничка на жените, светица која им помагала на болните и сиромашните.

Поради чудата кои ги направила, пред нејзините мошти и денес доаѓаат верници да молат за помош и спас од болести и други животни неволји. Овој празник е последен од циклусот на летните „женски празници“.

Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани, дека биле христијани и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви.

Уште од мала била воспитувана во христијански дух, а и самата влијаела врз луѓето да се однесуваат христијански. Рано ѝ умреле родителите, а таа целиот имот го раздала на сиромаси и се замонашила.

Како монахиња со уште поголема жар го проповедала христијанството иако во тоа време оваа вера била забранувана и најжестоко прогонувана од римската власт. Пакосните Евреи први ја наклеветиле кај императорот Антониј Пиј, кој најпрвин со ласкања се обидел да ја придобие да се откаже од својата вера.

Но кога во тоа не успеал ја подложил на жестоки измачувања ставајќи и на главата вжештен шлем. Но и од овие страдања на чуден начин се спасила, побегнала од Рим и продолжила да ја проповеда вистинската вера Христова. Уште на два пати, односно уште во два града Параскева била измачувана, но пак на чуден начин се спасила, неверојатно брзо излечувајќи се од раните.

На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, а кога била фрлена во котел со врело масло и со катран, таа останала неповредена, а од течноста му прснало на императорот во очите по што тој ослепел. Параскева се помолила на Господа и тој оздравел.

Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале многумина ја примиле христијанската вера. За да ја скријат вистинската причина за нејзиното брзо оздравување, паганите нејзините чуда ги објаснувале со маѓии, а оздравувањето му го припишувале на нивниот Бог.

Но самата Параскева еднаш на мачителот му рекла: „Не ме излекуваа твоите Богови, туку мојот единствен Бог Исус Христос.“ Најпосле, некој кнез по име Тарасиј ја исекол со меч. Тоа се случило во II век. Подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата. Според некои записи од минатото во некои наши краишта (на пр. Мариово) петокот се празнувал повеќе од неделата.

За овој празник се вели дека е женски бидејќи првенствено го праазнуваат жени кои денес не треба да месат, готват или работат било каква домашна работа за да не го навлечат гневот на светицата. Според народните верувања, на овој празник не се работи за да не ви трнат рацете во текот на годината.

Младите девојки, се верува дека тој ден треба да наберат цвеќе и со него да ја накитат куќата за во домот да владее слога и мир. На девојчињата денес им се облекуваат нови фустанчиња за да ги прати среќа наредната година.

Loading...
Next Post

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ГРЧКАТА ВЛАДА ДО СИТЕ TУРИСТИ: Ако ВИ СЕ СЛУЧИ ОВА, само кажете „APODIXI“!

Валидна потврда треба да има QR-код на дното. Сè друго е сомнително и може да биде знак за измама За да не дојде во ситуација да биде некој да биде изневерен во маркет, ресторан или кога изнајмува автомобил, грчките власти го свртеа вниманието на туристите на законите за потрошувачи кои […]