Возев точак вчера покрај пазарче Буњаковец – тип со Ферари лабаво си застана и ми отвори врата во мојата патека

admin
loading...

Статус на Војо Цветановски:„Вчера нешто по 10:30 часот возам по Партизанска со мојот стар велосипед.
Кај пазарчето Буњаковец, на првата лента на Партизанска, онаа која е веднаш до велосипедската патека.

Стои паркирано жолто ферари, двосед, со странски таблички, на кое совозачката вратата му е целосно отворена, која, патем завзема веќе неколку метри од велосипедската лента.

Господин пристојно облечен веројатно сопственик на ова возило разговара со некого. Двајцата застанати се на нашата лента. Застанувам зад нив. Смирено чекам господинов да се сети дека го попрчечува алетрнативниот сообраќај. Не мрдам, речиси една минута. Гледам во нив. Човеков ме здогледува и нервозно ме прашува; – Треба нешто?

– Веројатно правиш дотур на роба на пазар што си вака застанат, па си велам да почекам да видам што шиткаш може нешто и ја да си земам, веројатно ќе ми го шитнеш поефтино тука на улица, по набавна.

Одеднаш лицето му станува невозможно нервозно. Поцрвене. Жилите на вратот му се набабрија. Приоѓа блиску до мене и на повисок тон од вообичаениот проговорува;

– Јас не тезгар од пазар ли ти личам бе?

– За жал не – одговарам – воопшто не ми личиш на човек кој работи на пазар. Луѓето кои работат на пазар, именувај ги и тезгари ако ти е така волја, се луѓе кои со работа, со мака, со труд по цели денови киснат на своите тезги за да заработат за корка леб, како би си го прехраниле семејството.

А, ти, ти си тешко шупачиште кое паркира кола на сред булевар и успева да се навреди од комплимент каков што пред секунда ти го дадов: да си чесен и трудољубив. Паркирај си ја колата на паркинг бе шупак еден и праи си муабет у кафич колку што ти душа сака, а не на сред велопатека.

Уште понервозен ме фака за кошулата, која патем ми ја гужва и ме привлекува кон себе веројатно со намера да ме удри. Јас отскокнувам од седиштето и застанувам на нозе.

– Слушај коп иљ. Гледај си го патот да не ти ја скршам главата -ми вели.

– Фин господине јас и си го гледам патот и ќе стигнам онаму каде што сум тргнал, туку по суштински е дали знаеш ти да си го гледаш патот, ако сфати што сакам да ти кажам?

Оглупаве. Му ја оттргнав раката од мојата кошула, му намигнав низ насмевка на неговиот соговрник, слегов од велосипедот, го потпрев на штендерот, пријдов до неговиот прекрасен автомобил и со левата рака културно ја затворив вратата од ферарито.

Потоа повторно се качив на мојот стар велосипед и си продолжив по патот.“

Loading...
Next Post

Сефер: На прв ден Рамазан пред 10 години, Груевци ни направија голема штета

Бизнисменот Сефер Цаноски во последно време пишува моќни статуси кои најчесто се предмет на бројни коментари. Тој неодамна напиша моќен статус, во кој вели дека е поголем Албанец, Турчин, Македонец и Торбеш од многумина кои така се изјануваат, а објасни и зошто. „Моја суетна Македонијо. Не очекував дека ќе разгорам толку […]