Заев ветува минимална плата од 20 илјади и просечна од 34 илјади денари

admin22
loading...

До крајот на мандатот новата влада ќе ја зголеми минималната плата на 20.000 денари, а просечната ќе изнесува 34 илјади денари. Ова денеска го најави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференцијата во Штип.

Тој најави дека пензиите ќе се зголемуваат согласно трошоците на живот, а најниските пензии ќе се зголемат за 21 отсто до 2024 година.

Освен тоа, Заев вети и 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции. „Тоа ќе донесе намалување на невработеноста на ниво од 3 отсто годишно и едноцифрена невработеност до крајот на мандатот“, рече Заев.

Loading...

Според него, владата на СДСМ во новиот мандат ќе изгради експресни патишта во должина од 300 километри и локални патишта во должина од 950 километри и ќе продолжи со сериозни инвестиции во гасификација.

Loading...
Next Post

Апасиев до Димитров: Oдбери си телевизија за да ти објаснам како ќе завршиш во затвор

Професорот Димитар Апасиев му упати јасна порака на министерот за надворешни работи Никола Димитров за неговото арогантно однесување за време на вчерашниот дуел со Гордана Силјановска Давкова. Апасиев му порача на Димитров да избере медиум и да му објасни зошто ќе заврши во затвор поради Договорот од Преспа   Nikola […]