Заминав на одмор ПЕТ дена и го оставив кучето да го причува мајка ми – Кога се вратив НЕ МОЖЕВ ДА ПОВЕРУВАМ!

admin22
loading...

Мојата сопруга и јас неодамна се преселивме во нашата прва куќа заедно и ја уредивме токму онака како што ја замисливме

Кога одите на одмор и оставате некој да се грижи за вашето куче и куќа, најверојатно барате некого на кого можете да му верувате на кого нема да морате да се грижите дали нешто ќе тргне наопаку. Е

ден човек ја избрал својата мајка за чувар и ја замолил да го чува кучето и неговиот дом пет дена додека тој бил на фестивалот. Од сите луѓе на кои им веруваше, неговата мајка изгледаше најбезбедна, но се испостави дека не беше затоа што, кога се врати дома, беше шокиран од она што таа го направи.

Loading...

Според The ​​Sun, во објава на Редит, тој напишал дека таа ги бојадисала ѕидовите, го фрлила креветот на кучето надвор во калта и поставила фотографии од себе низ куќата.

– Со сопругата неодамна се вселивме во нашата прва заедничка куќа и ја уредивме токму како што замисливме. Мајка ми требаше само да се погрижи се да е во ред во куќата и да се грижи за кучето, а јас дури и платив за нејзините услуги бидејќи знаев дека и требаат пари – напиша тој во објавата.

Тој исто така тврди дека момчето на мајка му направило резервен клуч од куќата кога биле отсутни, а се сомнева дека тој и мајка му украле дел од нивните работи од куќата.

Тој исто така објаснил дека пред да заминат ја исчистиле целата куќа, оставиле строги упатства како да се грижи за кучето, го наполниле фрижидерот за да не мора сама да купува храна и и оставиле лозинка за интернет.

– Секој ѕид беше обоен во различна боја и воопшто не се вклопуваа во ништо, во повеќето делови од станот работата беше недовршена и нецелосна, а на некои ѕидови имаше и дупки. Ни недостигаа капаци за штекер и имаше над 100 догорчиња од цигари во мојите саксии со рози.

Исто така, прилично сум сигурен дека голем број помали предмети недостасуваат или се преместени. Уништен е и креветот на нашето куче кој беше фрлен во калта – објасни тој.

Му се чинеше дека кучето е запоставено и едвај нахрането, иако тоа всушност беше главната причина што таа беше таму. Беше бесен поради целата ситуација и откри дека се нафрлил на мајка си, на што таа му рекла дека е неблагодарен. Рекол и дека ќе ги смени сите брави и дека повеќе нема да контактира со мајка си.

– Жал ми е што и се развикав, но навистина не беше во ред таа да направи нешто такво. Сега веќе го започнав процесот на уредување на домот и сам ги покривам сите трошоци, а кучето ми е добро, но сепак го носам на ветеринар. Го блокирав бројот на мајка ми и мислам дека нема да разговарам со неа во скоро време – заклучил тој.

Корисниците биле шокирани од однесувањето на неговата мајка и веднаш дошле во негова одбрана и го поддржале.

„Сето тоа ми е сомнително, можеби треба да проверите кај соседите дали знаат што точно се случило. Како и да е, навистина ми е жал“, напиша еден корисник.

„Таа треба да ја плати целата штета, да и испрати сметка“, коментира друг корисник, додека трет додаде: „Добро е што ја извади од животот, ова е чисто уништување на твојот имот“.

Loading...
Next Post

ИСПЛИВА СТРАШНА ИЗЈАВА НА ЗОРАН МАРЈАНОВИЌ - Она што го кажа за сопругата Јелена шокираше многумина! ВИДЕО

Но, вниманието на јавноста го привлекоа снимките на кои Марјановиќ своевремено зборуваше за злосторството Зоран Марјановиќ неодамна беше осуден на максимална затворска казна за убиството на неговата сопруга Јелена, иако во бројни интервјуа, по злосторството, тврдеше дека Господ и правдата се на негова страна. Но, вниманието на јавноста го привлекоа […]