Болни зборови – Таткото на Матеј Периш раскажа што побарала ќерка му

admin22
loading...

Тело на непознато машко лице беше пронајдено во Дунав во Белград, а сите се сомневаат дека тоа е Матеј Периш од Хрватска.

Телото коешто вчера беше извлечено од реката Дунав во Белград е на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, на кого му се изгуби трагата вечерта на 30 декември минатата година во Белград, покажала обдукцијата, пренесуваат српските медиуми.

Според првичните информации од обдукцијата, причина за смрт та е давење.

Министерството за внатрешни работи на Србија официјално соопштува дека со ДНK анализа на телото кое вчера околу 09:20 часот е пронајдено во Дунав, утврдено е дека се работи за хрватскиот државјанин Матеј Периш (1994) чие исчезнување е пријавено во полицијата во Белград на 31 декември минатата година.

Според преелиминарните наоди од обдукцијата, смртта настапила по ненасилен пат.

-Припадниците на МВР од моментот на пријавата за исчезнување на хрватскиот државјанин интензивно трагаа по него и ги преземаа сите мерки за да го пронајдат и да ги расветлат сите околности за исчезнувањето, се наведува во соопштението.

Форензичарот Часлав Ристиќ за медиумите во соседството рекол дека за препознавање на телото во голема мера донел и процесот на сапонификација.

– Телото е пронајдено после пет месеци. Зачувано е. Не беше толку во фаза на распаѓање, затоа што беше во вода и затоа што после два месеци од пронаоѓањето на телото се случува еден процес, а тоа е сапонификација на трупот. Тоа го конзервира трупот.

На површината на кожата се појавуваат соли, кожата станува лизгава и мазна, а сета таа сапонификација се случува и кон внатрешните органи. Сакам да кажам дека повеќе страдаат внатрешните органи отколку надворешните, односно кожата, објаснил Ристиќ.

Според првичните наоди по обдукцијата, телото што вчера беше извадено од Ада Хуја е на Матеј Периш. Примерокот бил спореден со неговиот татко Ненад Периш. Според првите информации по обдукцијата, причина за смртта е давење. Се уште се чекаат резултатите од токсиколошката анализа кои ќе бидат готови за дваесетина дена.

Се уште се чекаат резултатите од токсиколошката анализа кои ќе бидат готови за дваесетина дена.

Претходно, претставници на загрепската полиција пристигнаа во Белград и со српските колеги разменија оперативни податоци од истрагата.

Матеј Периш се бара од последниот ден на декември минатата година, а познавачите на Дунав рекоа дека можно е телото само што излегло бидејќи температурите се повисоки, а во Белград дувал силен ветер.

Претпоставуваат дека телото се заглавило под Панчевскиот мост и затоа нуркачите не можеле да го најдат бидејќи во тие услови можат да ја пребаруваат реката само со допир.

Периш исчезна пред пет месеци, а таткото Ненад Периш пристигна во Белград каде што ги очекува резултатите од обдукцијата.

-Мораме да ги направиме тие формалности. Матеј е тука со мене и секогаш ќе биде. Да, пет месеци подоцна.

Што ми кажа ќерка ми: „Тато оди земи го Матеј, донеси го дома. Ќе го направам тоа за овие два-три дена. Тој е со нас и секогаш ќе биде со нас, вели потресениот Ненад Периш во интервју за ХРТ.

Loading...
Next Post

Стевчо Јакимовски ги збуни и власта и опозицијата - Побара да ставиме вето за влез на Шведска и Финска во НАТО! EВЕ ЗОШТО

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за државната телевизија ТРТ истакна дека и понатаму е против членство на Финска и на Шведска во НАТО. – Им кажавме на лидерите на НАТО дека ќе кажеме не на апликациите на Финска и на Шведска. И тоа продолжува да биде наш став, посочи […]