Зборовите на сестрата на Стеван Јеловац денес болат уште повеќе!

admin22
loading...

Српскиот спорт доживеа тежок удар, по чина 32-годишниот повремен репрезентативен на Србија во кошарка, Стеван Јеловац.

Јеловац, кој на клупски план ги бранеше боите на грчкиот АЕК, бил итно пренесен во болница на 14 ноември кога му се слошило за време на тренинг.

Се испостави дека крилниот центар имал мозочен удар, а како што соопшти неговиот клуб по првата интервенција на медицинските стручњаци, ситуацијата и понатаму била критична, „но стабилна“.

Но, на почетокот на неделава, поради сериозноста на ситуацијата, Јеловац на иницијатива на неговото семејство беше префрлен на лекување во Србија.

За жал, немаше спас за српскиот кошаркар, објавија во неделата вечерта бројни грчки медиуми.

Со тажна порака сестрата на Стеван Јеловац се прости од прерано изгубениот брат!

Веста за смр тта на Стеван Јеловац ја потресе цела Србија, а од него со посебна тага се простува целиот кошаркарски свет.

Секако, најмногу жалат неговите најблиски, а неговата родена сестра Сара испрати проштална порака.

„Љубов моја, знам дека сега си еден од ангелите… Те сакам најмногу на светот“, напишала Сара, додавајќи срце на имиџот на нејзиниот брат.

Таа веќе мина низ тежок период додека лекарите се бореа за животот на младиот кошаркар кој доживеа мозочен удар. Во тоа време, таа го објави следново на Инстаграм:

„Љубов моја, толку многу сакам да ти кажам, не знам како да почнам. Нема зборови на овој свет да те опишам. Ти си мојот свет, моето СЕ. Мојот голем брат.

Отсекогаш си бил мој борец и херој. Горда сум на твојот живот, твојата кариера, тебе. Ти си посебна личност. Од кога знам за себе си ме чуваше, се постави заштитнички, го обожавам тој твој став.

Ама сестра ти треба да ти каже дека веќе не е мала, пораснав љубов моја. Тој ден пораснав. Тој ден кога животот ни се преврте наопаку, без никаква најава и можност да го спречиме“, напиша Сара на својот „Инстаграм“ профил, со фотографија од прерано изгубениот брат.

Стеван починал како последица на мозочен удар, но засега не е познато зошто тоа се случило.

Loading...
Next Post

Никола Груевски има сериозен здравствен проблем за кој првпат проговори јавно!

Јавноста отсекогаш се интересирала за приватниот живот на Никола Груевски. Поранешниот македонски премиер двапати се заколна на вечна љубов, но само на една жена остана безрезервно да ѝ верува – неговата мајка која остана и негова најголема поддршка. Надежда Груевска по потекло, таа е од Штип, и е сестра на […]