Жална исповед на Македонка: „Зошто купив билет во еден правец до Германија?“

admin22
loading...

Навистина дадов сè од себе да се снајдам во Македонија… Но, работа нема, народот е ужас, па одлучив да се вратам во Германија, овојпат засекогаш.

И по којзнае кој пат вклучувам Скајп, но што ако… Па, поубаво ми е да го поминам слободното време во разговор со него, отколку да одам на кафе со лицемериве тука. Плус, си го вежбам германскиот вака, нели?

Како е таму? – прашувам, иако веќе го знам одговорот. Но, убаво ми е одново и одново да го слушнам.

Ми вели дека времето било ладно ама убаво, воздухот чист. Во неделата речиси во секој парк имало собиранки со музика, скара и пиво, како и секогаш кога времето е сончево. Значи, сепак сѐ е исто како кога си заминав.

А како е во Македонија? – ме прашува.

Како е овде? – си повторувам во себе, а во глава ми прелетуваат милион мисли, слики, моменти за чудење.

Да, од секогаш ми биле чудни бабите што се распрашуваат за сѐ и сешто, од твоето здравје до лебот на мајка ти дали е печен, изгорен или недопечен. Бидејќи нели тоа е најважната работа во животот, ако не ти е совршен лебот не си домаќинка, не си достојна за оваа планета.

И не само тие, ми биле чудни и жените, мајките на моите другарчиња што го следат секој мој чекор, што знаат повеќе за мене од јас самата што знам. И пред сѐ, никогаш не ми стана јасно зошто младите се позлобни дури и од нивните родители, зошто сакаат да ти ја украдат книгата, да ти ја носат облеката, да бидат со твојот партнер, како да немаат свои книги, облека, љубов. Да, овде тешко се наоѓаат вистински пријатели.

Ми смета и гужвата по булеварите, редиците во банките, кавгите на шалтерите. Ми смета и што ми продаваат храна со поминат рок, фармерки со нееднакви рабови.

Loading...
Next Post

Пол Глоба ги истакна хороскопските знаци што ќе ја доживеат најголемата љубов во Март

Пролетта е таа сезона во годината кога природата се буди за нов живот. Време за планови и нивна реализација, успеси и движење, радост и оптимизам во сите сфери на животот. Многу луѓе се надеваат дека првиот пролетен месец ќе им донесе добри вести, промени на подобро, развој и хармонија, меѓусебно […]