Жената родена во овој знак е жив оган, само вистински маж може да ја задржи

admin22
loading...

Бараат многу, но даваат и многу! За да освоите некого роден во овој знак, мора да обрнете внимание да му посветите многу внимание, да не го ограничувате, да избегнувате кавги со него и да бидете што е можно почесто самоуверени и добро расположени. Тогаш ќе биде твој засекогаш.


Се разбира, ова се Лавовите!

Ним им треба многу внимание

Loading...

Лавовите се навикнати да бидат во центарот на вниманието и само така се чувствуваат добро, и во животот и во љубовта.


Тие сакаат да бидат центар на вашиот свет. Сакаат додворување полно со возбуда и задоволство. Како и да е, колку и да нудат, можете да очекувате од нив да одговорат на ист начин бидејќи се дарежливи и романтични во љубовта.

Ја сакаат слободата

Лавовите нема да прифатат да бидат затворени во куќа затоа што обожуваат да се забавуваат.


Со нив, секое излегување ќе биде незаборавно, но тие ќе уживаат во ова многу повеќе ако ја имаат саканата личност со нив за да можат да споделат се.

Тие се големи кавгаџии

Поради нивната голема гордост и его, Лавовите брзо го губат трпението. Тешко им е да простат и нема да толерираат непочитување.

Ако сте направиле нешто погрешно и сакате да ви простат, ласкањето е единствениот начин да ги придобиете.

Таа е одлучна и ги остварува сите нејзини желби, но сепак е осамена на врвот. Кралица со толку страст и искра колку што има жената-лав заслужува достојно друштво.


Се прашувате што би ве направило вам достоен за неа? Доколку сфатите дека таа треба да биде постојано обожувана, дека не можете да ја запрете и да ја контролирате, на добар пат сте да бидете нејзин придружник во кралството.

Не влегувате во врска со жена родена во огнен знак за да ви биде трофеј, туку се врзувате со неа за да го освоите светот заедно, како еднакви.


Пред да почнете со освојувањето, мора да ви биде јасно дека ова нема да биде едноставна задача. Мора да знаете како точно да ѝ пристапите бидејќи тоа е најважната работа која ќе треба да ја направите.

Жената-лав не се импресионира лесно. Во состојба е лесно да ви го сврти грбот доколку не успеете во тоа.


Запомнете дека таа се доживува себеси како кралица и лесно може да ги поткрепи нејзините ставови со долгата листа на успеси. Таа не само што секогаш размислува, таа знае, па мора да знаете и вие.

Горат во кревет

Сите тврдат дека Лавовите со право ја носат титулата најдобри љубовници, бидејќи се тврдоглави, неуморни и имаат силно либидо.

Со нив ќе добиете се што сакате, и уште повеќе, бидејќи вашето задоволство е на прво место. За разлика од многумина, тие претпочитаат долга предигра во која секогаш има простор за игри со имагинација.

Треба да знаете дека Лавовите сакаат самоуверени и добродушни луѓе кои зрачат со позитивна енергија и го сакаат животот.

Најдобро е да им покажете дека сте забавни и отворени. Покажете интерес, и кога ќе почувствувате дека тие се во центарот на вашите мисли, ќе имате незаборавна љубовна приказна.

Loading...
Next Post

Искочи документ со целото богатсво на Лепа БРЕНА: Сега е јасно од каде и се парите за јахти и шопинг

Со оглед на тоа дека таа живее „на висока нога“, малкумина можат да замислат дека Лепа Бена сама ги извршува домашните работи. Сепак, постојат одредени работи што пејачката не ги остава на помошниците. – Никогаш не бришам прашина или мијам садови. Има луѓе што ги плаќам за да го направат […]