Зибери за 24тв: Сингелиќ и Сарај се потенцијални жаришта од коронавирус во Скопје

admin22
loading...

Во Отвореното студио на 24 анализа доктор Арбен Зибери директор на Центарот за јавно здравје истакна дека одлуката за олабавување на мерките не е политичка и дека тоа е по препорака на комисијата за заразни болести. Иако денеска има помал број за заразени, но неделава имаме поголем број на заразени изразено во проценти.

„Репер ни е бројот на заразени од тестирањата. денеска влегуваме во втората фаза на пандемијата каде ги попуштаме мерките, но сите препораки на СЗО и комисијата се дека треба да сме претпазливи и да видиме каква ќе биде рефлексијата од теренот и што ќе покажат резултатите од теренот.“ – рече Зибери.

Тој потенцираше дека поголем дел од заразените се од Сарај и едно семејство од Сингеќиќ каде од 17 членови, 13 биле позитивни и воглавном таму е насочено вниманието и се следи ситуацијата. Потенцираше и дека општина Карпош се уште е на првото место по бројот на заразеност. Зибери истакна дека има граѓани кои ги почитуваат мерките, но и такви кои тоа не го прават.

„Ние ги разбираме луѓето дека не им е лесно во изолација. Сменет им е животот. Но, имаме и место каде нема заразени, а тоа е Дебар. Додека немаме соодветен лек или вакцина или стекнат колективен имунитет, единствената можност за справување е самоизолацијата.“ – рече Зибери.

Во однос на струшката литија и денешното отварање на џамиите, Зибери вели дека е вано да се почитуваат протоколите и тие ги има и кај мерките за олабавување. Вирусот е се уште присутен и не смееме сега да потфрлиме и да дозволиме да дојде до колапс на здравствениот систем.

„Секој можен ризик ќе го набљудуваме и ќе го спречиме.“ – вели Зибери.

Во однос на тестовите, тој вели дека тестовите се прават врз база на идницкации и епидемиолозите одлучуваат кои се ќе се тестира. Не значи дека ако правите само тестови дека ќе се открие, некои може да бидат и лажно позитивни, и правиме на секој новооткриен случај се прават тестови на сите негови контакти. Ако некој излезе позитиве, се прават тестови и на неговите контакти, вели Зибери.

Loading...
Next Post

Дневен Хороскоп за 12 мај: Бикот ќе го здогледа светлото на крајот од тунелот!

Овен (21.03 – 20.04) Проблемите на љубовен план ќе дојдат во прв план, бидејќи чувстувате потреба моменталната врска да ја редефинирате или прекинете. Не донесувајте избрзани одлуки, почекајте и слушнете ги коментарите на партнерот па потоа дејствувајте. Бик (21.04 – 21.05) Чувствата ви ја замаглуваат способноста за расудување, па би […]