Златко Ориѓански побара збор од Заев и Еди Рама

admin

Статус на Златко Ориѓански: 10.06.2021, Тирана, Република Албанија

„Почитувани премиери, Еди Рама, Зоран Заев, министри, почитуван градоначалник на Тирана, амбасадори, дами и господа.

Имам чувство како да се наоѓам на доделување на Оскар, ова е историски ден за нашите две пријателски земји.

– Пет месеци живеам во Тирана и не боледувам од носталгија.

– Куба за Хемингвеј беше голема љубов, островот Хидра за Леонард Коен, Парис за Кадаре, така јас се вљубив во Тирана, нејзините гостољубиви и убави луѓе, улиците полни живот, историја и цвекиња.

Кога сум надвор од Албанија и се вракам назад, на мојот шофер му велам, ајде, ајде вози побрзо, да си одиме дома.

– Понекогаш, навечер помислувам на мојот покоен татко, кој пред педесет години требаше да работи во Тирана, меѓутоа се откажа од страв дека не го знаеме албанскиот јазик. Денес, мене ми се падна, да го изодам тој пат за двајцата.

– Сакам да изразам голема благодарност до премиерите Еди Рама и Зоран Заев, до двете министерки за култура, министрите за надворешни работи на нашите земји, заради нивната храброст , упорност и модерност. Без нивната далекувидост, ова што сме денес заедно во Тирана, немаше да се случи.

– Со нетрпение го чекам и отворањето на албанскиот центар во Република Северна Македонија.

– Потребата од отворањето на овие духовни светилници е со намера, подобро да се запознаеме како народи и земји. Да споделиме убавина и добрина, преку уметноста, да ги запознаеме нашите души.

– Република Северна Македонија и Република Албанија се европски земји. Ние ја содржиме сета европска духовност и совршено добро ја разбираме.

Европа има потреба од нас како свежа крв, како народи што не се потрошени и имаат нови супстанци, нови бои и сила, за збогатување на европската култура и животот воопшто.

– Нашето место е во европскиот дом. Благодарам на вниманието, нека ни е честито! Почитувани премиери, би ве замолил за збор. З. Ориѓански“

Loading...
Next Post

Сопругот ја оставил во 8-миот месец од бременоста, а потоа ја отворила рерната и го видела изненадувањето

Сопругот ја оставил несреќната сопруга во 8-миот месец од бременоста, со натрупани долгови. Еден ден таа ја отворила вратата и виде големо изненадување. Аманда и нејзиниот зет требало да ги ротираат родителите по 3 години породување. Таа исто така живее во нова куќа што е реновирана. Но, еден ден сè […]